Струмица

Општина Струмица објави Јавниот повик за најдобро уредено колективно/станбено дворно место, предвидени се награди

На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов ќе се поттикнуваат и наградуваат граѓаните за уредување на дворните места пред колективните станбени згради.

Од вчера е објавен Јавниот повик за најдобро уредено колективно/станбено дворно место на територијата на општина Струмица за 2022 година.

Право на учество имаат сите Заедници на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во општина Струмица и коишто имаат формирано куќен совет.

За докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети барателот до општина Струмица треба да достави: Решение за формирање на куќен совет. Фотокопија од трансакциска сметка на барателот и пријава за учество во конкурсот.

Наградниот фонд за Јавниот повик/конкурс изнесува вкупно 350.000,00 денари.

Прво место 200.000,00 денари

Второ место 100.000,00 денари

Трето место 50.000,00 денари

Јавниот повик ќе трае до 31.05.2022 година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago