Connect with us

Гевгелија

Триесет дечиња се пријавени за ЛОГОПЕТСКИ ТРЕТМАН од Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

30 дечиња од општина Гевгелија со проблеми во вербалната комуникација се корисници на услугата- бесплатен логопетски третман во ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија.

Имено, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше распишан Јавен повик, на кој 30 дечиња биле пријавени за користење на услугата. Која, годинава, како мерка е опфатена во Програмата за социјална заштита и заштита на децата. Давател на услугата е Тања Ангелкова, која дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје, и се здобила со звањето логопед, информира Општина Гевгелија.

„Логопетската превентива е значаен дел од логопетската дејност што овозможува навремено откривање и отстранување на говорните проблеми. Со тоа што се отстрануваат говорните проблеми, исто така, и се оневозможува да се појават секундарните психолошки и емоционални проблеми, како и проблемите во социјалната адаптација на децата“, вели Ангелкова.

Во однос на отстапувањата во говорниот развој постојат многу видови на говорни и јазични нарушувања кои се дефинираат како нарушувања на комуникација, развојно растројство на говорот и јазикот, специфично растројство на говорната артикулација, пелтечење како и нарушувања на гласот. За жал, не постои детален податок во општина Гевгелија колку се застапени отстапувањата во говорот кај дечињата.

„Логопедот и навремената консултација со истиот се од големо значење, поточно, тоа придонесува да дознаете дали Вашето дете има одредени говорни отстапувања, односно дали доцни во одредени говорни сегменти и на кој начин би можело тоа да се надмине. Кога е вистинско време? Тогаш кога родителот ќе забележи какви било неправилности во говорот на своето дете. Постојат голем број методи и техники кои ги користат логопедите, така што логопедот одлучува кои од истите да ги примени. Најважно од сè е да бидеме трпеливи бидејќи говорниот развој на детето е процес. Секое дете има свое темпо во напредување. Верувајте во него!“, советува Тања Ангелкова.

Гевгелија

Приведени три лица во близина на Дојран, за криумчарење мигранти

Media Press

Published

на

Две лица од Радовиш и едно од Скопје, биле приведени во Полициската станица Гевгелија за криумчарење мигранти. Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Синоќа околу 22 часот и 20 минути кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за с.Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш.

При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица

Media Press

Published

на

Вчера околу 15.00 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија.

При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Донесени повеќе одлуки и решенија на 14 -та седница на Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

На последната 14 седница, Советот на Општина Гевгелија донесе повеќе одлуки и решенија. Имено, Советот едногласно донесе Одлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“, со кој Општина Гевгелија ќе аплицира на Oтворениот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Исто така, предмет на расправа беа Годишните планови за вработување на Општина Гевгелија, JОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година, како и Годишните извештаи за работата во 2021/2022, Годишните програми за работа во 2022/2023 година и Годишните програми за екскурзии и други слободни ученички активности во 2022/2023 година на општинските основни училишта.

Од работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија на 14 седница, Советот на Општина Гевгелија дискутираше по Кварталниот извештај за периодот 1 јануари-30 јуни, 2022 година, Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 и Годишниот план за вработување за 2023 година.

На оваа седница, беше едногласно донесена и Одлука за исплата на средства од Буџетот на Општина Гевгелија за лекување на лицето Дамјан Хаџи Николов во странство.

Прочитај повеќе