Македонија
Се намалува бројот на тестирања и на нови позитивни ковид случаи

Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Во периодот од 14 до 20 февруари регистрирани се 6.119 нови позитивни ковид случаи, што е за 29 отсто помалку во однос на претходната недела.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за 11 отсто е намален и бројот на тестирања.
Во последните 24 часа направени се 3.974 тестови, а регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 од нив пеесетина во Југоистокот. Во Струмица – 33, Гевгелија – 11, Радовиш – 2 и Валандово -1.
Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица, 3 од Прилеп, 2 од Скопје и по едно од Куманово и Струга. Од вкупниот број на починати лица, кај 7 се регистрирани коморбидитети и сите се починати во болнички услови. Регистрирани сe 887 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции, со намалување од скоро 30 отсто во однос на претходната недела. Минатата недела биле оздравени 8.797 лица.
Се намалува и бројот на луѓе на болничко лекување. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 484 лица, 30 отсто помалку во споредба со претходна недела. Од нив 297 се на кислородна поддршка, а 11 на механичка вентилација.
Поврзани содржини
44 позитивни случаи во Струмица, 386 нови случаи во земјава
РСБСП: Се организира летна школа за млади мотоциклисти
Регистрирани 101 нови случаи на ковид-19, состојбата станува алармантна
100 тестирања од планираните 485 се завршени во Штип
533 тестирања во Македонија, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
6 дена agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
