Конче
На езерото Мантово поставени табли со кои се известува дека водите не се за капење и рекреативни активности
Published
2 години agoна
By
Media Press
На езерото Мантово од пред неколку дена се поставени табли на кои пишува известување дека водите не се за капење и рекреативни активности. Тоа е направено по извршените инспекциски надзори и анализи во врска со загадувањето на Брана Мантово од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Таблите со известувањето дека водите не се за капење и рекреативни активности ги постави Општина Конче, по добиениот налог од надлежните институции. Согласно објавениот извештај од Државниот инспекторат за животна средина, една од промените која е забележана е што водата во езерото позеленува како резултат на масовен развиток на сино – зелената алга., појава која претставува закана за целиот еко систем како и за луѓето кои ја користат водата за разни намени.
Исто така добиените резултати укажуваат и на загадување на водите во Брана Мантово од фекални води. Увидот на лице место од Дражвниот инспекторат утврдил дека има изградено поголем број на викендици околу езерото, при што е заклучено дека е потребно да се изврши инспекциски надзор од овластениот инспектор и комуналната инспекција од Општина Конче, за да се провери дали овие објекти имаат изградено септички јами.
Извршените анализи се направени на барање на Рудникот Боров Дол од Радовиш.


Поврзани содржини
Конче
Општина Конче започна со уредување на полските патишта
Published
2 недели agoна
ноември 21, 2023By
Media Press
Општина Конче започна со уредување на полските патишта во општината кои се од витално значање за извршување на земјоделскита активности.
„Овие денови во тек се активности за транспорт и нанесување на дробен камен на полски патишта во сите населени места , каде приоритет се критичните локации каде пристапот до обработливите површини е отежнат“, информира градоначалникот Златко Ристов кој вели дека уредувањето на полските патишта останува приоритет и понатаму.

Конче
Општина Конче уреди околу 70 км локални патишта
Published
4 недели agoна
ноември 3, 2023By
Media Press
Во изминатите дваесетина дена преку ангажирање на лица опфатени во Договорот со АВРМ за јавни работи, Општина Конче успеа да спроведе повеќе активности како што се уредување на јавно прометни површини, чистење на банкини на локални патишта и улици, при што се уредени околу 70 км локални патишта, а во соработка со ЈПДП изврши обележување на регионалниот пат Конче-Радовиш.

„Сето ова е во насока за обезбедување на сигурен и безбеден сообраќај за непречено движење на возилата, особено за зимскиот период кога имаме загрозување на патиштата од временските неприлики“, вели градоначалникот Златко Ристов.
Конче
Сообраќајно уредување на локални улици и патишта во Општина Конче
Published
1 месец agoна
ноември 1, 2023By
Media Press
Во тек се активности за сообраќајно уредување на локални улици и патишта во Општина Конче, согласно програмата за уредување на патишта и улици. Како што дознаваме од градоначалникот Златко Ристов деновиве се уредуваат улиците во село Дедино, по што ќе се продолжи со овие активности и во останатите населени места. Истовремено улиците се чистат и од наталожена земја.

Исто така во овој период завршија работните активности за изградба и уредување на пристапна улица ,,4″ во населеното место Горни Липовик. Овие активности финансиски се поддржани од буџетот на Општина Конче.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
