Гевгелија
Запечатени угостителски објекти, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки

Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Запечатени угостителски објекти, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки во акциска контрола во угостителски објекти во гевгелиско.
На 05.02.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и с. Мрзенци. При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите.
Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти. Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период.
Поврзани содржини
Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба
Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
Приведени четворица разбојници во Гевгелија, определен притвор
Триесет дечиња се пријавени за ЛОГОПЕТСКИ ТРЕТМАН од Општина Гевгелија
Повреден пешак во Гевгелија
Кривична пријава за лице од Гевгелија за сторено кривично дело „разбојништво“
Гевгелија
Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба

Published
1 час agoна
мај 20, 2022By
Media Press
На 18.05.2022 во 18.55 часот во СВР Струмица, А.Ш.(36) од Гевгелија пријавил дека во неговото дворно место пронашол неексплодирана бомба. Бомбата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струмица, при што било утврдено дека потекнува од Првата светска војна.
Увид бил извршен, информира СВР Струмица.
Гевгелија
Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Published
4 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги информира жителите на Гевгелија и околните населени места дека во деновите 19.05.2022 и 22.05.2022 година во времето од 07.00 до 15.00 часот ќе спроведе активности со боева муниција на место викано „Караорман“.
Гевгелија
Приведени четворица разбојници во Гевгелија, определен притвор

Published
3 недели agoна
април 27, 2022By
Media Press
На 26.04.2022 во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија. Тие, вчера околу 01.00 часот на улица „Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор, информира МВР.

Општина Василево ќе спроведе избори за Месни заедници

Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба

НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација

Се асфалтира локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци
