Струмица

Бочварски од Струмица најави нови капитални проекти за Југоистокот

Поврзување на Струмица на интерконекторот со гас кај Петрич, Република Бугарија, е еден од приоритетите на кој разговараме на работните групи со колегите од Бугарија. На ова прашање ќе му дадеме посебно значење и во следниот период ќе ги утврдиме сите детали за овој проект, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работка посета на општина Струмица.

Тоа ќе овоможи поевтин гас за општината која има развиено мрежа од околу 40 километри, но и за целата индустрија во градот, потенцираше министерот Бочварски.

Министерот најави изградба на експресен пат од Струмица преку Валанадово до Гевгелија, проект за кој документацијата е во завршна фаза.

Тој заедно со градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов извршија увид во изградба на канализационен систем во населеното место Банско, каде преку буџетот на Министерството се вложува 42 милиони денари. Проектот опфаќа изградба на 15 километри канализациона мрежа и според договорот се очекува да се заврши до средината на оваа година.

„Сакам да најавам дека оваа пролет започнуваме со изградба на фекален и атмосферски канализационен систем и за населеното место Градско Балдовци, со што решаваме уште едно многиу значајно прашање за општина Струмица. Како Влада силно сме посветени и во модернизација на патната мрежа кон Југоисточниот регион. До сега инвестиравме преку 70 милиони евра во изградба и рехабилитација на патиштата во овој дел од државата.  Исто така сакам да најавам дека оваа година планираме дека го рехабилитираме патниот правец  Струмица – Дабиле, за што ќе инвестираме речиси 100 милиони денари.” – изјави министерот Бочварски.

За градоначалникот Костадинов, со реализацијта на овој проект ќе се создадат услови за подобар живот на жителите на Банско.

„И јас и министерот сме задоволни од досегашната изведба. Од планираните 15 километри канализациона мрежа, досега се изведени околу 10 км. Вредноста на овој проект изнесува 42 милиони денари. За целосно фукционирање на овој систем потребно е да се изгради пречистителна станица за третман на фекалните води пред да бидат пуштени во реката Водочница, а за која општина Струмица веќе има изготвено проект.“ – истакна градоначалникот Костадинов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago