Денеска се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, 150 години почит и слава кон животот и делото на великанот на македонското национално револуционерно дело.
Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви. Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“. Гоце Делчев е македонски херој врз чие име, дело и жртва почива борбата за слобода на денешната држава Македонија.
Делчев
се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.
Учителствувал во Штип, а како член на ЦК на ТМОРО работел на создавање мрежа на
бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Годинава,
по четврти пат,
Македонците ќе го одбележат роденденот на Делчев со придавката „северна“ пред
името на Македонија, за која апостолот се жртвувал и се уште присутни политички пазарења за
тоа колку Македонецот Гоце Делчев бил Македонец и колку проценти треба да
припаѓа на бугарската историја.
Гоцевата
визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова
лична импресија, туку експресија на генетскиот код на македонската цивилизација.
Делчев
учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил
задграничен претставник на ВМРО во Софија.
Убиен
е на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското
востание. Тој бил против
прераното започнување на востанието.