Радовиш
ЛАГ „Плачковица“ со проект за искористување на сончевата енергија уште пред да се случи енергетската криза

Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Уште пред да се случи енергетската криза од која се засеганти сите граѓани во државата, а пред се општините и јавните институции, ЛАГ ,,Плачковица’’ во 2020 и 2021 година, реализира проект со цел искористување на сончевата енергија и нејзино претварање во електрична, за потребите на јавните институции.
За таа цел беа инсталирани Фотонапонски панели на кровот на СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш и на општинската зграда во Конче со што овие две институции ќе добиваат пониски сметки за струја и до 60 одсто.

Со фотонапонски панели енергија ќе произведуваат и зградата на Основното училиште во населбата Три Чешми во Штип и градинката во село Таринци од општина Карбинци кои ќе ја пласираат во мрежата на ЕВН, а за возврат ќе добиваат пониски сметки за струја.
Како што не инфомираше Столе Ѓеоргиев од ЛАГ,, Плачковица’’ станува збор за проект финансиран од Националната програма за рурален развој и четирите општини со цел зголемување искористување на сончевата енергија.
„Не знаевме дека ќе има енергетстка криза, но сега заклучуваме дека проектот сме го реализирале во вистинско време. Годишното производство од секој панел посебно ќе изнесува од 6.000 до 12.000 киловат-часови. Вкупните заштеди изнесуваат од 40 до 60 проценти“, вели Столе Ѓеоргиев од Локалната акциона група Плачковица.
Тој додава дека струјата што ја произведуваат фотонапонските панели се предава на операторот ЕВН и на крајот од секој месец се врши израмнување на сметките со што овие институции плаќат пониски сметки речиси за половина.

Поврзани содржини
Поддршка за лица со ниски примања за потрошена струја, рокот за аплицирање изнесува 30 дена
Започна реконструкцијата на последниот дел од 8 километри на регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица
Вчера се одржа првиот граѓански протест против поскапување на струјата, во органзиација на ВМРО -ДПМНЕ
Организацијата “Changemakers4all“ во недела најавува протест против поскапувањето на струјата
Плачковица ќе биде домакин на Тиквеш во првото коло од Втората лига – Исток
На денешен ден во 1856 година е роден генијалниот Никола Тесла
Радовиш
Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Published
15 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како културно наследство конечно е сместено во книга.

Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
17 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
