Струмица

Струмички автобус вршел јавен превоз на патници без соодветна документација

Струмички автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Незаконски превезувале патници уште три моторни возила со струмички регистарски ознаки.

Синоќа во 20.30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во автобус со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управуван од Н.Б.(37) од с.Велуса, струмичко.
При контролата било утврдено дека автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација, а исто така биле затекнати повеќе патници од дозволениот број на патници кои може да се превезуваат. За настанот биле запознаени Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од општина Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така синоќа во периодот од 21.30 до 22.30 часот на магистрален пат Струмица – Радовиш, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во три патнички моторни возила со струмички регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација. По целосно документирање на случаите против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago