Радовиш

Се затвори слаткарница ШУШ МУШ во Радовиш, згасна 80-годишна традиција

Се затвори слаткарница ШУШ МУШ  во Радовиш, згасна 80 годишна традиција. Радовиш останува без уште едно значајно и препознатливо место за градот. Нема радовишанец кој не влегол барем еднаш во слаткарница Шуш Муш и не се почестил со убавите слатки, сладолед или бурек. Но како што вели еден од сопствениците Мустафа Лика, на се му доаѓа крај доколку нема кој да ја продолжи традицијата, така е и во овој случај.

Во слаткарница ШУШ МУШ или слаткарница „Македонија“ како што всушност се вика, се раѓаа и првите симпатии , првата љубов, средби помеѓу пријатели и познаници, со слатка и чаша боза или лимонада, се раѓаа  и нови пријателства.

 На многумина ќе им недостадува добро познатиот бурек од Шуш Муш, боза,  тулумби, еклери, сладолед и посебно традиционалната татлија.  Радовишани и денеска доѓаа и прашуваа за бурек, изненадени дека веќе не работи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago