Connect with us

Гевгелија

Кривична пријава за лице од Гевгелија за сторено кривично дело „разбојништво“

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ согласно Кривичниот законик.
На 29.12.2021 околу 19.00 часот, пријавениот со закана одзел пари од дневниот промет во продавница во село Негорци, гевгелиско.

По преземени мерки, од полициски службеници од  Одделението за внатрешни работи Гевгелија биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, a при претрес во просториите кои ги користел, извршен со судска наредба бо текот на вчерашниот ден исто така, биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Л.Ќ. денеска бил лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Гевгелија

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги информира жителите на Гевгелија и околните населени места дека во деновите 19.05.2022 и 22.05.2022 година во времето од 07.00 до 15.00 часот ќе спроведе активности со боева муниција на место викано „Караорман“.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведени четворица разбојници во Гевгелија, определен притвор

Media Press

Published

на

На 26.04.2022 во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија. Тие, вчера околу 01.00 часот на улица „Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор, информира МВР.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Апел за помош на Перо Рујковски од Миравци која донираше крвна плазма за болни од ковид а сега му е потребна помош за лекување

Media Press

Published

на

Перо Рујковски од гевгелиско Миравци  кој во неколку наврати донираше крвна плазма за болни од Ковид-19 во земјава, бара помош за физикална терапија. Како што ни изјави потребни му се средства за лекување со оглед на проблемот со левиот бубрег но и силните болки во пределот на половината заради што тешко се движи. Како што вели тој е невработен и има четири деца и тешко врзува крај со крај па се замолува сите добронамерни луѓе и институции да донираат за помош

,, Не сум во можност да ги набавам ниту потребните лекови а камоли да одам на физикална. Затоа се обраќам за помош до сите оти верувам дека постои хуманоста и верувам во неа,, ни изјави Рујковски кој ја приложи и својата трансакциска сметка за донации.

Перо вели дека во Гевгелија на државно немало физикална, па затоа морал да оди до Негорски бањи, а секое одење до таму го чинело 500 денари, а рој самиот и семејството живеат од социјална помош.

Прочитај повеќе