Connect with us

Економија

Поддршка за лица со ниски примања за потрошена струја, рокот за аплицирање изнесува 30 дена

Avatar

Published

на

Министерството за економија го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.

Вкупно 60 милиони денари ќе одвои државата за социјалните категории на граѓани чии месечни примања не надминуваат над 30.000 денари или по категории за едно лице самец до 15.194 денари,  домаќинство со два члена до 18.000 денари, домаќинство со три члена до 21.000 денари домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет и повеќе члена до 30.000 денари.

Пријавувањето за користење на оваа субвенција почнува од денеска.

Граѓаните треба да аплицираат во Министерството за економија, а во прилог меѓудругото ќе треба да достават потврда за висина на исплатена плата, потврда од Агенцијата за вработување доколку лицата не се вработени, фотокопија од последната добиена сметка за потрошена електрична енергија во 2021 година и изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која потврдуваат дека целокупната документација е веродостојна и точна.

 Лицата со ниски примања ќе се стекнат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.

Рокот за аплицирање изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.

Барањето за искористување на финансиската поддршка се доставува на пополнет образец за барање, кој може да се подигне од архивата на Министерството за економија или преку интернет страницата на Министерството.

Инаку, зголемувањето на цената на струјата удри и по буџетите на општините. Сметките за струја им се од три до седум пати повисоки, бидејќи добавувачите им ги раскинуваат договорите, па тие мораат струја да купуваат кај универзалниот снабдувач.

Општија Гевгелија доби седумпати повисока сметка, откако од 6 илјади, сега треба да плаќа дури 50 илјади евра месечно.

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе

Економија

Субвенции од 20.000 денари за ПВЦ прозорци, 15.000 денари за топлински пумпи и 80.000 денари за фотонапонски централи во домаќинствата, најави Владата

Avatar

Published

на

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за четири јавни повици кои ги објави Министерството за економија од Програмите за поддршка на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Министерството за економија годинава првпат ќе дава субвенции до 80.000 денари за вградување фотонапонски електроцентрали во домаќинствата, субвенции за ПВЦ-прозорци до 20.000 денари за домаќинство и за сончеви колектори до 15.000 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека буџетот за оваа намена годинава не е скратен, туку напротив, зголемен е и изнесува вкупно 70 милиони денари.

„За надомест на дел од трошоците за купени или вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година предвидени се вкупно 25 милиони денари за над 1.200 домаќинства во државата. Со цел да ја подобрат енергетската ефикасност на објектите, на лицата што ќе купат или вградат ПВЦ-прозорци ќе им обезбедиме поврат на средства до 50 % од трошокот, но не повеќе од 20 илјади денари од домаќинство. За вградување сончеви термални колекторски системи предвидени се 15 милиони денари за над 1000 домаќинства. Кофинансирањето е до 30 %, но не повеќе од 15 илјади денари од домаќинство. Третата мерка е надоместување трошоци на дел од трошоците за купување и инсталирање фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 киловати во согласност со новата одлука што ја донесе Министерството за економија во делот на зголемување на капацитетот на инсталирана можност во секое домаќинство. Тука се предвидени 30 милиони денари и ќе опфати над 400 домаќинства како мерка што првпат се спроведува во нашата држава. Повратот ќе биде до 30 %, но не повеќе од 80.000 денари“, рече министерот Бектеши.

Дополнително на тоа, министерот Бектеши потсети дека во согласност со новиот правилник и другите законски акти обврска на универзалниот снабдувач на електрична енергија е да го преземе произведениот вишок енергија од домаќинствата, да им ја плати произведената енергија или да им ја надомести на оние што ќе се одлучат за вакви инвестиции.

За Струмица и за Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, предвидени се субвенции за приклучок на мрежата во висина од 70 % од трошокот, но не повеќе од 25.000 денари.

Министерството за економија до крајот на мај за стопанството ќе ги кофинансира сите инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби или за производниот процес и ќе покрива 20 % од трошокот. Целта на оваа мерка е да се намали потрошувачката на енергија од универзалниот снабдувач, кој се снабдува од ЕСМ.

Прочитај повеќе