Connect with us

Ново Село

Новогодишно обраќање на градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов

Avatar

Published

на

„Почитувани сограѓани,

Поминавме година полна со предизвици, година што навести промени и нови содржини. Пред нас е Новата 2022 Година. Година во која сите очекуваме да ни донесе повеќе спокој и радост, благосостојба и подобар живот. Моето ангажирање ќе биде насочено токму кон подобрување на условите за работа и живеење“, вели градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, во своето Новогодишно обраќање.

Во новата година, ќе работиме на нови инфраструктурни решенија, на нови проекти, за модерна Општина Ново Село.Младите ќе го добијат своето катче преку Мултимедијалниот културен центар, а нашата задача е континуирано да создаваме можности, за да го исполнуваат животот и развој токму во родното место.

Во новата година, енергија ќе се вложи во враќањето на спортскиот дух во Ново Село, преку поттикнување нови спортски активности преку велосипедски патеки за уживање во убавините на нашите Беласица и Огражден. Во новата година, се посветуваме и на негата на повозрасните наши сограѓани, преку нега во домот, каде секој еден наш сограѓанин ќе добие соодветен третман и внимание и ќе се чувствува како дел од општеството во целина.

Очекувам веќе на пролет да успееме да поттикнеме и овозможиме инвестиционен циклус на нашата територија, за да го подобриме економското функционирање на општината во целина, а со тоа и да обезбедиме нови работни места за нашите сограѓани.Имаме многу потенцијал, а мене ми преостанува да овозможам услови да делуваме во кругот на родното место. Миграцијата е реален феномен, но наша задача е да ги мотивираме оние кои сакаат да придонесат прво за своите семејства во местата каде живеат, а потоа и за нашата општина да биде економски стабилна.

Во Новата година, да се радуваме и на Новиот живот кој доаѓа. Заради што: одделуваме од буџетот, еднократен надомест за секое новороденче од Општина Ново Село-родено во Македонија. Бог не благословил со прекрасна широка и плодна земја, со многу чисти места и избрал многу Свети места.

Нека ни биде благословена работата во Новата 2022 година. Вашата поддршка секој ден ми дава сила и мотив да ги движиме заедно работите напред.Да сме живи и здрави, заедно да работиме и заедно да се радуваме! Среќна Нова 2022 Година!“ стои во новогодишното обраќање на градоначалникот Божинов.

Ново Село

Сушица на пролет ќе добие чиста вода за пиење преку новиот водоводен систем

Avatar

Published

на

Сушица на пролет ќе добие чиста вода за пиење преку новиот водоводен систем, најави градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов.

„На мое огромно задоволство потпишав договор со најповолниот понудувач за реконструкција и адаптација на филтер станицата за чиста вода за пиење за Сушица.

И покрај сите кочници од централната власт, Сушица на пролет добива чиста вода за пиење преку новиот водоводен систем“. напиша Божинов на својот ФБ профил.

Прочитај повеќе

Ново Село

Пронајдено починато машко лице во атарот на село Ново село

Avatar

Published

на

Вчера околу 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш“, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди.

Увид на местото извршиле увидна екипа и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфоримираат од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Македонија

Откриен нов случај на вршење јавен превоз без лиценца

Avatar

Published

на

Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско.

При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднеснеи пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик.

Прочитај повеќе