Connect with us

Ново Село

Регионалниот патен правец Мокрино -Смолари и после една недела останува затворен за сообраќај

Avatar

Published

на

И после една недела од поројните дождови во општина Ново Село регионалниот патен правец Мокрино- Смолари останува затворен за сообраќај. Голем дел од коловозот и понатаму е покриен со наноси од песок и камења. Како последица на свлечиштето,  оштетување има и на заштитната ограда.

Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓореѓе Божинов, вели дека во рамки на нивните можности и со механизацијата со која располагаат направиле делумно расчистување, но тоа не било доволно за да може патот  повторно да биде ставен во функција. Неколку пати ги контактирале и Македонија пат во чија надлежност се наоѓа овој патен правец, но освен ветување дека проблемот ќе се надмине конкретни активности на терен нема.

,,Со нашата механизација која е со многу мал капацитет успеавме делумно да го исчистиме патниот правец. Но апелирам и замолувам Македонија пат да излезат што е можно побрзо и да интервенираат во расчистување на овој патен правец да го заштитиме и да не дозволиме да се уништи асфалтниот коловоз.,, вели Божинов.

Проблемот го потврдија и од Македонија пат и најавија негово решавање во наредните денови. Нивни екипи уште минатата недела биле на терен, но немале можност да интервенираат не поради наносите од песок туку поради големите води кои течат преку самиот коловоз. Од таму појаснуваат дека се работи за  води од Беласица кои направиле неприроден пат и наместо по нивниот досегашен тек и  низ пропустот под патот тие течат преку самиот асфалт. Очекуваат количината на водата наскоро да се намали по што ќе започнат со расчистување и санирање на коловозот.

Ново Село

Сушица на пролет ќе добие чиста вода за пиење преку новиот водоводен систем

Avatar

Published

на

Сушица на пролет ќе добие чиста вода за пиење преку новиот водоводен систем, најави градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов.

„На мое огромно задоволство потпишав договор со најповолниот понудувач за реконструкција и адаптација на филтер станицата за чиста вода за пиење за Сушица.

И покрај сите кочници од централната власт, Сушица на пролет добива чиста вода за пиење преку новиот водоводен систем“. напиша Божинов на својот ФБ профил.

Прочитај повеќе

Ново Село

Пронајдено починато машко лице во атарот на село Ново село

Avatar

Published

на

Вчера околу 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш“, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди.

Увид на местото извршиле увидна екипа и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфоримираат од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Македонија

Откриен нов случај на вршење јавен превоз без лиценца

Avatar

Published

на

Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско.

При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднеснеи пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик.

Прочитај повеќе