Connect with us

Ново Село

Новогодишно обраќање на градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов

Media Press

Published

на

„Почитувани сограѓани,

Поминавме година полна со предизвици, година што навести промени и нови содржини. Пред нас е Новата 2022 Година. Година во која сите очекуваме да ни донесе повеќе спокој и радост, благосостојба и подобар живот. Моето ангажирање ќе биде насочено токму кон подобрување на условите за работа и живеење“, вели градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, во своето Новогодишно обраќање.

Во новата година, ќе работиме на нови инфраструктурни решенија, на нови проекти, за модерна Општина Ново Село.Младите ќе го добијат своето катче преку Мултимедијалниот културен центар, а нашата задача е континуирано да создаваме можности, за да го исполнуваат животот и развој токму во родното место.

Во новата година, енергија ќе се вложи во враќањето на спортскиот дух во Ново Село, преку поттикнување нови спортски активности преку велосипедски патеки за уживање во убавините на нашите Беласица и Огражден. Во новата година, се посветуваме и на негата на повозрасните наши сограѓани, преку нега во домот, каде секој еден наш сограѓанин ќе добие соодветен третман и внимание и ќе се чувствува како дел од општеството во целина.

Очекувам веќе на пролет да успееме да поттикнеме и овозможиме инвестиционен циклус на нашата територија, за да го подобриме економското функционирање на општината во целина, а со тоа и да обезбедиме нови работни места за нашите сограѓани.Имаме многу потенцијал, а мене ми преостанува да овозможам услови да делуваме во кругот на родното место. Миграцијата е реален феномен, но наша задача е да ги мотивираме оние кои сакаат да придонесат прво за своите семејства во местата каде живеат, а потоа и за нашата општина да биде економски стабилна.

Во Новата година, да се радуваме и на Новиот живот кој доаѓа. Заради што: одделуваме од буџетот, еднократен надомест за секое новороденче од Општина Ново Село-родено во Македонија. Бог не благословил со прекрасна широка и плодна земја, со многу чисти места и избрал многу Свети места.

Нека ни биде благословена работата во Новата 2022 година. Вашата поддршка секој ден ми дава сила и мотив да ги движиме заедно работите напред.Да сме живи и здрави, заедно да работиме и заедно да се радуваме! Среќна Нова 2022 Година!“ стои во новогодишното обраќање на градоначалникот Божинов.

Македонија

Откриен нов случај на вршење јавен превоз без лиценца

Media Press

Published

на

Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско.

При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднеснеи пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик.

Прочитај повеќе

Ново Село

Регионалниот патен правец Мокрино -Смолари и после една недела останува затворен за сообраќај

Media Press

Published

на

И после една недела од поројните дождови во општина Ново Село регионалниот патен правец Мокрино- Смолари останува затворен за сообраќај. Голем дел од коловозот и понатаму е покриен со наноси од песок и камења. Како последица на свлечиштето,  оштетување има и на заштитната ограда.

Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓореѓе Божинов, вели дека во рамки на нивните можности и со механизацијата со која располагаат направиле делумно расчистување, но тоа не било доволно за да може патот  повторно да биде ставен во функција. Неколку пати ги контактирале и Македонија пат во чија надлежност се наоѓа овој патен правец, но освен ветување дека проблемот ќе се надмине конкретни активности на терен нема.

,,Со нашата механизација која е со многу мал капацитет успеавме делумно да го исчистиме патниот правец. Но апелирам и замолувам Македонија пат да излезат што е можно побрзо и да интервенираат во расчистување на овој патен правец да го заштитиме и да не дозволиме да се уништи асфалтниот коловоз.,, вели Божинов.

Проблемот го потврдија и од Македонија пат и најавија негово решавање во наредните денови. Нивни екипи уште минатата недела биле на терен, но немале можност да интервенираат не поради наносите од песок туку поради големите води кои течат преку самиот коловоз. Од таму појаснуваат дека се работи за  води од Беласица кои направиле неприроден пат и наместо по нивниот досегашен тек и  низ пропустот под патот тие течат преку самиот асфалт. Очекуваат количината на водата наскоро да се намали по што ќе започнат со расчистување и санирање на коловозот.

Прочитај повеќе

Ново Село

Регионалниот пат Смоларе – Мокрино кој e во прекин се очекува денеска да биде расчистен, поплави и во Босилово

Media Press

Published

на

Поради обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден дојдено е до излевање на поројот во м.в.Калина во с.Мокрино, каде биле поплавени повеќе куќи. Од страна на ЕЛС Ново Село интервенирано е со еден багер за да водата се пренасочи во друг правец се со цел да се избегне поголема материјална штета. На лице место бил и Градоначалникот на Ново Село. Во текот на денешниот ден ќе се направи увид и ќе се утврди материјалната штета.

На Магистралниот пат А4 кај с.Самоилово имало нанос кој со скип е исчистен од страна на ЕЛС Ново Село. Регионалниот пат с.Смоларе – с.Мокрино e во прекин поради големи наноси на патот. Интервенирано е со скип од ЕЛС Ново Село на делот кај с.Самоилово. Во текот на денот ќе се постави сигнализација а утре ќе се интервенира за дорасчистување на наносот. Другите патни правци се проодни. Денес ќе се излезе и на увид на штетите во с.Мокрино. Во општина Босилово, реката Струмица се има излеано на 2 -3 места кај м.в.Порој Азмак и при тоа е поплавено земјоделско земјиште и дворови на преку 30 куќи, но штета на куќите нема. Помали багери од ЕЛС Босилово работат на санирање на штетите а во текот на денот се очекува интервенција и од поголеми багери за целосно расчистување на наносот, информираат од Центарот за управување со кризи.

Прочитај повеќе