Рудниците Бучим и Боров Дол и годинава ги израдуваа дечињата во градинките во Радовиш со новогодишни пакетчиња
Во рамките на новогодишната програма на детската градинка Ацо караманов во Радовиш денеска во трите објекти беше одржана новогодишна приредба на која беа доделени и новогодишни пакетчиња на дечињата, донација од рудниците Бучим и Боров Дол.
Новогодишната програма во објектот „Детско изворче“ ја проследија и двајцата директори на Бучим и Боров Дол, Олег Чусовитин и Ивица Карапетров, кои беа воодушевени од истата. Срдечно добредојде им посака директорката на градинката Љупка Тренчева која се заблагодари за донацијата од 450 новогодишни пакетчиња со што ќе се израдуваат детските срца.
„Рудниците Бучим и Боров Дол традиционално секоја година
донираат новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка, за да изнудат
детска насмевка. Годинава беа донирани околу 450 пакетчиња во Радовиш, а пакетчиња ќе добијат и дечињата во детската градинка
во Конче“, рече Прес- секретарот Кристина Крстева во името на менаџерскиот тим
на двата рудника.
Дечињата се претставија со пригодна програма и се
израдуваа на новогодишните пакетчиња.
На крајот на гостите им беа подарени пригодни новогодишни подароци изработени од дечињата и од воспитувачите со што им изразија благодарност за несебичната поддршка, а воедно им посакаа среќни новогодишни и божиќни празници на ракводството на Бучим и Боров Дол.