Радовиш

Вредна парична донација за дневниот Центар Порака од рудниците Бучим и Боров Дол, како и новогодишни подароци за корисниците

Донација во вредност од 5.000 евра денеска беше донирана на Дневниот центар Порака од Радовиш, од рудниците  Бучим и Боров Дол,  за подобрување на условите во дневниот центар. Тоа занчи дека корисниците на дневниот центар Порака од Радовиш и годинава не беа заборавени од раководството на Рудниците Бучим и Боров Дол, а по повод Новогодишните и Божиќните празници тие денеска беа посетени од менаџерите на двата рудника, Олег Чусовитин и Ивица Карапетров, и притоа беа израдувани со пригодни новогодишни подароци. 

Раководителот на порака Тања Костадинов изрази благодарност до менаџерскиот тим на двата ридника за оваа значајна донација за нив и рече дека средствата ќе ги искористат наменски за хортикултурно уредување на дворот и санирање на влагата во ДЦ Порака.

Прес секретарот на рудниците Бучим и Боров Дол, Кристина Крстева рече дека како општествено одговорна компанија ќе продолжат и понатаму да донираат, а насмевката на лицата на корисниците на дневниот центар од скромните подароци, е нивна најголема награда.

Искрени и со емоции корисниците во Порака се израдуваа на скромните подароци и посакаа да се фотографираат со своите гости.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago