Connect with us

Гевгелија

Приведено лице од гевгелиско во чии дом биле пронајдени и одземени семки од растението канабис

Media Press

Published

на

Денеска, полициски службеници од ОВР Гевгелија – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода лицето С.Г.(44) од с.Богородица, гевгелиско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 228 семки од растението канабис и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Гевгелија

Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци

Media Press

Published

на

На 22 јануари односно во саботата во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при  контролата  било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар,  вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски,  немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

 Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ соопштуваат од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе