Connect with us

Радовиш

Одлука за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Согласно Правилникот за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш, по распишаниот јавен конкурс од 28.10.2021год. а со ранг-листа, доставена од страна на Комисијата за пријавените кандидати за стипендирање на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2021/22 год., Градоначалникот на општина Радовиш и Општина Радовиш доделува 16 (шеснаесет) стипендии, на следните ученици од основното образование:

VI одделение

1. Невена Јованова, ООУ Никола Карев…………….. освоени 80 бодови

2. Давид Ристов, ООУ Никола Карев …………………. освоени 73 бодови

3. Борче Василев, ООУ Никола Карев ………………. oсвоени 67 бодови

4. Ивана Трајкова, ООУ Крсте П.Мисирков …….… oсвоени 53 бодови

VII одделение

1. Теодор Ефтимов, ООУ Крсте П.Мисирков……….. освоени 73 бодови

2. Јана Јованова, ООУ Крсте П.Мисирков……………. освоени 72 бодови

3. Александра Петрова, ООУ Никола Карев ……….. oсвоени 72 бодови

4. Елена Петрушева, ООУ Крсте П.Мисирков …..… oсвоени 70 бодови

VIII одделение

1. Елена Ѓоргичкова, ООУ Никола Карев ……………. освоени 75 бодови

2. Елена Ефтимова, ООУ Крсте П.Мисирков ……… oсвоени 74 бодови

3. Ана Марија Ѓоргиева, ООУ Крсте П.Мисирков….. освоени 73 бодови

4. Кирил Димовски, ООУ Крсте П.Мисирков…………. oсвоени 71 бодови

IX одделение

1. Матеј Цветковски, ООУ Никола Карев …………………. освоени 98 бодови

2. Марија Здравева, ООУ Крсте П.Мисирков…………….. освоени 79 бодови

3. Викторија Спасова, ООУ Никола Карев …………….…. oсвоени 76 бодови

4. Катерина Крстева, ООУ Никола Карев …………………. oсвоени 73 бодови

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година. Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

Општина Радовиш доделува 4 (четири) стипендии за учебната 2020/2021 година на следните ученици од средното образование :

СОУ Коста Сусинов, Радовиш

I-ва година

1. Гонца Ефтимова (ООУ Крсте П.Мисирков) ……… освоени 81 бодови

II-ра година

1. Михаела Тадирова …………………………… освоени 78 бодови

III-та година

1. Филип Ташков …………………………………… освоени 72 бодови

IV-та година

1. Марија Прастова ………………………………. освоени 74 бодови

Висината на стипендијата за средното образование изнесува 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година. Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

Општина Радовиш доделува 5 (пет) стипендии – по основ на социјален карактер, за учебната 2021/2022 година, на следните ученици од основно и средно образование:

1. Столе Илиев, VIII одд. – ООУ Коста Рацин

2. Давид Тренчев, VII одд. – ООУ Никола Карев

3. Ивона Пецева, VIII одд. – ООУ Коста Рацин

4. Mите Митев, VIII одд. – ООУ Коста Рацин

5. Стивен Ангеловски, IX одд. – ООУ Кирил и Методиј

Висината на стипендиите по основ на социјален карактер е 2.500 (две илјади и петстотини) денари за ученици во основното, и 3.000 (три илјади) денари за ученици во средното образование, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година. Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.

Незадоволните кандидати имаат право на приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлуката на Градоначалникот на општина Радовиш.

Радовиш

СТОП ЗА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО -мирен јавен собир во Скопје

Media Press

Published

на

Семејството, роднини и пријатели на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообраќајната несреќа кај Сити Мол во Скопје и нејзиното момче кое беше полесно повредено, во недела ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.

„Во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.
Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.
Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.

На мирен и достоинствен начин да го искажеме нашето незадоволство од непочитување на сообраќајните правила, сите сме пешаци и учесници во сообраќајот, вакви настани повеќе да не се повторат, свеста е кај секој од нас, да ја искористиме и да ја подигнеме за побезбедни улици“, стои во објавата за настанот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Предадени уметнички слики од здружението ДЛУР„Рада“ на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Ѓоргија“ која традиционално се одржува секоја година во Радовиш, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и беа дадени неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната ликовна колонија.

На средбата се разговараше за тековните и идните проекти на Друштвото, проблемите со кои се соочуват членовите како и продолжувањето на традицијата на одржување и уште посилен меѓународен карактер на ликовната колонија „Св.Ѓоргија“, која е еден од најважните културни брендови на општина Радовиш.

Подарените дела од страна на претседателот на здружението Душан Коцев ги прими гадоначалникот Ацо Ристов кој ја потврди поддршката и во иднина.

Прочитај повеќе

Радовиш

Минусни температури се измерени во целата држава, во Радовиш утринава минус 10 степени

Media Press

Published

на

Минусни температури утринава низ целата територија на државата. Најтопло во Дојран со минус 5 степени, а најстудено во Делчево со минус 18 степени. Во Радовиш утринава се измерени минус 10 степени целзиусиви, исто и во Струмица.

Времето денеска студено, сончево и ветровито на повисоките места ќе паѓа и снег. Ќе дува ветер од северн правец со 30 километри на час.

УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, a 14 сантиметри во Крушево.

Прочитај повеќе