Истражување на „Женска акција“: За три години се пријавени околу 390 случаи на семејно насилство во општините Радовиш и Конче
Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ Асоцијацијата за унапредување на статусот на жената во Македонија „Женска акција“ од Радовиш, спроведе улична акција во центарот на градот со делење на картички со препораки за помош и поддршка на жртвите и како тие д постапуваат во одредена ситуација. Иванка Ризовска Соколова како претставник од „Женска акција“ во интервју за Телевизија Кобра рече дека во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграциија на жени жртви на насилство“ спроведено е истражување за последните три години, кое покажува дека во општините Радовиш и Конче бројот на жртви на семејно насилство пораснал, а институциите не се доволно подготвени да им помогнат.
„Иако насилството врз жени и семејно насилство е декларативно признаено како значаен проблем на македонското општество, сепак не се посветува доволно внимание за негово решавање. Обезбедувањето на помош на жртвите на насилство, особено институционално честопати отсуствува, што најчесто е последица на перцепцијата на граѓаните дека семејното насислтво е приватен проблем“, рече Соколова.
За три години се пријавени околу 390 случаи од кои 330 се жени а останатите се мажи. само во 2020 година има околу 150 пријави на семејно насилство кое според Соколова е како резултат на Ковид пандемијата. Соколова вели дека според нивното истражување бројот на жртви на семејно насислтов е многу поголем и околу 80% од жените не го пријавиле насилството во институциите.
Соколова се надева дека заедно со Општина Радовиш ќе успеат да отворат црнтар за психо- социјална поддршка за да им помогнат на жртвите за семејно насилство. Според неа неколку закони треба да претрпат промени за да им се помогне на овие жртви.