Радовиш

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов започна со реализација на нови проекти кои не беа предвидени во изборната програма

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов започна со реализација на проектите кои ги ветуваше пред граѓаните,во изборната програма, но и такви кои не беа предвидени но се реализираат за поубав и помодерен Радовиш.   

 На влезот во Радовиш, односно на делот од магистралниот пат до бул. „Александар Македонски“ започна изградбата пешачка и велосипедска патека.

„Во текот на изборната кампања говоревме дека има разлика во понудата и народот ја препозна таа разлика. Сега имаме обврска да покажеме на дело дека постои разлика. Со изградба на пешачка и велосипедска патека, како и со поставување на ново улично осветлување, ќе се отстранат повеќегодишните проблеми на овој дел од градот и ќе се добие ново уредување со кое ќе се подобри и сигурноста на пешаците и на самиот сообраќај во целост“, рече Ристов при денешниот увид во работните активности.

Тој спомна дека овој проект не бил предвиден во програмата но произлегол како потреба на граѓаните и затоа се реализира.

Инаку ова е прва фаза од овој проект, веќе следната година ќе биде предвидено и изградба на нова коловозна лента, додава Ристов кој за еден месец од преземањето на функцијата градоначалник ја започна или ја продолжи реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во Општина Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago