Темата на Меѓународниот ден на човековите права оваа година е „Еднаквост, намалување на нееднаквостите, унапредување на човековите права“, врз основа на заедничката рамка за акција на системот на ОН: „Не оставаме никого зад себе: Еднаквост и недискриминација во срцето на одржливиот развој“.
Обврска на секое општество, на сите институции на локално и
национално ниво, на сите носители на одлуки, сопственици на бизнис и на сите
луѓе е да ги почитуваат човековите права и слободи. Секој човек ги има истите
човекови права и слободи како и сите други луѓе во светот, само затоа што е
човек. Човековите права и слободи се неотуѓиви – никој не може да ги даде или
да ги одземе, бидејќи тие веќе му припаѓаат на секој човек!
Денот на човековите права е меѓународен датум кој се одбележува во чест на Универзалната декларација за човекови права која Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои на 10 декември 1948 година. Според ОН, овој меѓународен документ, Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) претставува пресвртница во историјата на човековите права и е вгнездена во современото меѓународно право.
Оваа година, на 73-годишнината од
Универзалната декларација за човекови права, темата „Еднаквост, намалување на
нееднаквостите, унапредување на човековите права“ е инспирирана од Член 1 од
УДЧП:
Универзалната декларација за
човекови права е преведена на повеќе од 500 јазици што ја прави најмногу
преведуван документ во светот.
Меѓу другото, во Декларацијата се пропишува дека секој има
право на правата и слободите објавени во неа, без разлика на расата, бојата на
кожата, полот, јазикот, религијата, политичкото или друг вид на убедување,
националното или социјалното потекло, имотот, раѓањето или друго.
Секој има
право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред
законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква
заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од
секакво поттикнување таков вид дискриминација.
Секој кој
е обвинет за казниво дејствување има право да важи за невин сè додека неговата
вина не биде докажана во јавна постапка во согласност со законот, при што ги
добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.