Connect with us

Регион

Санкционирани 44 возачи во Југоистокот кои возеле побрзо од дозволеното

Media Press

Published

на

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица вчера била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, во периодот од 08.00 до 14.00 часот биле санкционирани 44 возачи, од кои по 13 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 11 на подрачје на Валандово и 7 на подрачје на Гевгелија. 23 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 21 во населено место.
Истиот ден во периодот од 15.00 до 21.00 часот биле преземени и засилени мерки кон сите учесници во сообракајот, при што биле констатирани 81 прекршок, од кои 47 во Радовиш, 19 во Струмица, 9 во Гевгелија и 6 во Валандово. За сторените прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Регион

Зошто во Штип е среќа ако те касне куче?

Media Press

Published

на

Шестмина штипјани последнава недела биле каснати од кучиња и тоа во самиот центар на градот. Многу кучиња скитници има во овој регионален центар на истокот од државата, а проблемот е во тоа што од поодамна е забранета работата на стационарот во кој компанија без лиценца ги заловуваше и носеше кучињата скитници.

Но, зошто велиме дека е среќа во Штип да те касне куче?

„Ако граѓаните кои биле каснати од куче тужат тогаш Општина Штип ќе мора на секого од каснатите да му исплати отштета од 1.000 до 2.000 евра, во зависност од тежината на повредата која му ја има нанесено кучето скитник“, рече претставникот на локалната штипска власт, а објави Istokpress. Тој пред советниците не кажал дали веќе стасале тужби по овој основ.

Повеќе на http://istokpress.mk

Прочитај повеќе

Регион

Во засилена контрола во Југоистокот откриени 15 возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол

Media Press

Published

на

Во времето од 22.00 часот на 22 јануари до 04.00 часот на 23 јануари на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Притоа, било констатирано дека 15  возачи, од кои 6 во Струмица, 5 во Гевгелија и 4 во Радовиш управувале моторни возила под дејство на алкохол и истите биле соодветно санкционирани.

Секторот за внатрешни работи Струмица и во иднина ќе продолжи со преземање на засилени мерки за контрола на сите учесници во сообракајот, притоа апелирајќи да се почитуваат сообракајните правила и прописи, да не се управуваат моторни возила под дејство на алкохол, со што возачите би го заштитиле својот живот и животот на сите учеснници во сообракајот.

Прочитај повеќе

Регион

Кампања на СВР Струмица: „Не користи петарди и пиротехнички средства“

Media Press

Published

на

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица преку реализирање на повеќе активности ја спроведе кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“, промовирана од страна на Министерството за внатрешни работи.


Од страна на полициски службеници се спроведени едукативни предавања со ученици од осмо и деветто одделение во сите основни училишта на подрачјата на општините Струмица, Василево, Ново Село и Босилово, сѐ со цел подигање на свеста кај младата популација за можната опасност и последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства, која е посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници, информираат од СВР Струмица.
Покрај ова, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово се поделени 700 флаери со пораки за превенирање на ризиците од користење на пиротехнички средства, а воедно се наведени и казнените одредби за употреба на петарди и други пиротехнички средства.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани, а пред сѐ до младата популација да не употребуваат петарди и пиротехнички средства, да го заштитат својот живот и животот на останатите, а доколку се констатираат такви случаи истите ќе бидат соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе