Connect with us

Гевгелија

Од октомври, Општина Гевгелија плаќа шесткратно поскапа цена за електрична енергија за уличното осветлување

Media Press

Published

на

  Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на 3 седница, го информираше Советот на Општината за новонастанатата ситуација со снабдувањето со електрична енергија и активностите кои локалната самоуправа ги презема за справување со економската криза. Истакна дека биле направени средби со повеќе компании кои работат на проблематиката за јавно осветлување, биле посетени Општина Кавадарци и Општина Штип, каде било разговарано за тоа што се можат Општините да направат во однос на овој процес.
          „Заклучокот е дека, во моментот, излез од новонастанатата ситуација со енергетската криза е воведување рестриктивни мерки и правење напори за што побрза замена на постоечките натриумови сијалици за јавно осветлување со нови лед-сијалици“, истакна градоначалникот Сарамандов.
          Имено, снабдувачот со електрична енергија „У ПОВЕР ДОО експорт-импорт“- Скопје го раскинал еднострано договорот со Општина Гевгелија во септември. Во новонастанатата ситуација, Општина Гевгелија премина на снабдување со електрична енергија во краен случај, согласно Законот за енергетика, со тоа што склучи договор со ЕВН Хоме Доо.
           Во текот на октомври, беше започната нова тендерска постапка за јавна набавка, на која беше понудена само една понуда, но истата е одбиена поради високата цена за kWh. Во периодот од 1 октомври до склучувањето на нов договор за снабдување со електрична енергија, се додека не бидат добиени други насоки од РКЕ, во Општина Гевгелија е надмината опасноста од останување без снабдување со електрична енергија. Доколку, продолжи договорот за снабдување во краен случај, цените сигурно ќе бидат повисоки. Во меѓувреме, беа известени сите надлежни институции.
          „Ќе работиме на тоа Општина Гевгелија да го изменаџира целиот овој процес на справување со енергетската криза, на начин кој ќе предизвика најмалку штета“, истакна Сарамандов.

Гевгелија

Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци

Media Press

Published

на

На 22 јануари односно во саботата во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при  контролата  било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар,  вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски,  немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

 Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ соопштуваат од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе