Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш со јавна покана за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година

Media Press

Published

на

Општина Радовиш ги известува сите даночни обврзници, правни и физички лица, од Општина Радовиш и населените места, да ги пријават сите настанати промени во текот на 2021 година, кои се однесуваат на данокот на имот и комуналната такса. Оние даночни обврзници кои ги немаат одмирено сите давачки од данокот на имот и комунална такса, заклучно со 31.12 .2021 год. тоа да го сторат во најкус можен рок , во спротивно данокот на имот и комунална таксата ќе се наплатуваат по присилен пат, а со тоа ке настанат и дополнителни трошоци, кои ќе бидат на терет на даночните обврзници.

Исто така, граѓаните можат да пријават неправилности во досегашната пресметка на
висината на пресметаниот данок, со цел истите да бидат отстранети. Проценител ќе излезе на терен да ја утврди фактичката состојба и тоа ќе биде основа за пресметка на данокот на имот за 2022 година. Пријавите, без административна такса, можат да се достават во ЕЛС-Радовиш – одделение за даноци, надоместоци и такси во период од 7:30-15:30 часот.
Пријавувањето трае од 06.12.2021 – 31.01.2022 година.

За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година е потребно даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2022 година (образец ди) поднесува даночен обврзник ( правно и физичко лице ) сопственик, корисник или плодоуживател на стамбени објекти, административни згради, деловни простории, градежно неизградено земјиште, кои служат за вршење на дејноста на обврзникот и сите други објекти како во градските населби така и во селските населби вклучувајки ги оние од ридско планинските подрачја.

Од 01.01.2008 год , обврска за поднесување на даночна пријава за имот има и за оној имот кој досега бил ослободен од одредбите на досегашниот закон.

Обврзници на данок на имот се:

1.правни и физички лица сопственици на имот;
2. правни и физички лица корисници на имот, во случаи кога сопственикот не е познат или не е достапен;
3. плодоуживател на имот согласно законот
4.ако имотот е сопственост на повеке лица, секој од нив е обврзник на данок на имот сразмерно на сопственичкиот дел;
5.правно и физичко лице корисник на недвижен имот во сопственост на државата и општината;
6.правни и физички лица кои дополнително се стекнале со имот во текот на предходни години, а не го пријавиле;
7. Имотот кај кој настанале промени во вредноста (изградба, доградба, довршување, проширување);

НАПОМЕНА:
1. Даночен обврзник кој поднел даночна пријава за данок на имот во 1994г. или во наредните години, а кај кого нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува даночна пријава;
2. За неподнесување даночна пријава, даночниот обврзник ќе се казни со парична казна согласно законот за данок на имот;
3. Проверка на терен како и точноста на сите досега пријавени податоци ќе ја врши даночен инспектор од ЕЛС Радовиш.

Даночната пријава се поднесува во одделението за даноци, такси и надоместоци на Општина Радовиш најкасно до 31.01.2022 година.

Радовиш

СТОП ЗА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО -мирен јавен собир во Скопје

Media Press

Published

на

Семејството, роднини и пријатели на 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која загина во сообраќајната несреќа кај Сити Мол во Скопје и нејзиното момче кое беше полесно повредено, во недела ќе организираат мирен собир на местото на трагедијата.

„Во знак на револт кон СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20.01.2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа.
Поради тоа на 30.01.2022 година од 12:00ч до 13:00ч на место на несреќата, раскрсницата на бул.”Партизански одреди” кај City Mall ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи.
Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно.

На мирен и достоинствен начин да го искажеме нашето незадоволство од непочитување на сообраќајните правила, сите сме пешаци и учесници во сообраќајот, вакви настани повеќе да не се повторат, свеста е кај секој од нас, да ја искористиме и да ја подигнеме за побезбедни улици“, стои во објавата за настанот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Предадени уметнички слики од здружението ДЛУР„Рада“ на Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Во знак на благодарност за повеќегодишната поддршка и покровителство на меѓународната радовишка ликовна колонија „Св.Ѓоргија“ која традиционално се одржува секоја година во Радовиш, од страна на Здружението на ликовни уметници „РАДА-ДЛУР“ од Радовиш на ЕЛС општина Радовиш и беа дадени неколку уметнички слики, изработени од ликовните уметници кои учествуваа на минатогодишната ликовна колонија.

На средбата се разговараше за тековните и идните проекти на Друштвото, проблемите со кои се соочуват членовите како и продолжувањето на традицијата на одржување и уште посилен меѓународен карактер на ликовната колонија „Св.Ѓоргија“, која е еден од најважните културни брендови на општина Радовиш.

Подарените дела од страна на претседателот на здружението Душан Коцев ги прими гадоначалникот Ацо Ристов кој ја потврди поддршката и во иднина.

Прочитај повеќе

Радовиш

Минусни температури се измерени во целата држава, во Радовиш утринава минус 10 степени

Media Press

Published

на

Минусни температури утринава низ целата територија на државата. Најтопло во Дојран со минус 5 степени, а најстудено во Делчево со минус 18 степени. Во Радовиш утринава се измерени минус 10 степени целзиусиви, исто и во Струмица.

Времето денеска студено, сончево и ветровито на повисоките места ќе паѓа и снег. Ќе дува ветер од северн правец со 30 километри на час.

УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, a 14 сантиметри во Крушево.

Прочитај повеќе