Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Published
7 месеци agoна
By
Media Press
Цените на бензините се намалуваат 3,5 денари, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.
Поврзани содржини
Од денеска повисоки цени кај нафтените деривати, цените на бензините не се менуваат
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, поскапуваат и бензините
Нови повисоки цени на горивата од вечерва на бензинските пумпи
Повторно поскапување на бензините за половина денар, цената на дизелот останува непроменета
РКЕ ги намалува цените на горивата за половина денар
РКЕ: Промена на цената има само кај мазутот, дизелот и бензините остануваат исти
Економија
Влада: Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи

Published
4 месеци agoна
март 3, 2022By
Media Press
„Владата на Република Македонија и државните институции ја следат состојбата на дневна состојба во земјата и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните“, информира портпаролите на Владата на вчерашната прес конференција.
„Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Како држава имаме задоволителна количина на прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Владата, во континуитет ги разгледува и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто“, беше речено на прес-конференцијата.
Вчерашната прес-конференција, портпаролите ја искористија да го повторат апелот до трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, оценувајќи дека оваа одлука е во интерес на сите граѓани.
Економија
Донесена Одлука со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи

Published
4 месеци agoна
февруари 23, 2022By
Media Press
Владата на вчерашната седница донесе Одлука со која се определува највисоката трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10% на продажната цена во трговија на мало како посебен услов во трговијата
„Оваа мерка се однесува на леб; шеќер;сол;брашно – тип 400; сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; сирење и урда; ориз; јајца;тестенини; пченица; и овошје и зеленчук“ соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција.

„Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат тровците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителлите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за највиски (замрзнати) цени на основните прехранбени производи„ кажа министерот Бектеши
Министерот додаде дека кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10% се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови односно полици.
„Оваа Одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година, заради потребата да се органичи растот на цените во следните три месеци. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука следуваат и глоби
„Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 1.600 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 3.000 до 6000 евра во денарска противвредност за среден трговец,глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец“ кажа министерот.
Тој потенцираше дека во наредниот период Државниот пазарен инспекторат ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат драстично зголемени цени на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број на ДПИ 191
Економија
Од денеска повисоки цени на горивата

Published
5 месеци agoна
јануари 25, 2022By
Media Press
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 % во однос на одлуката од пред една недела.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 денари/литар.
Од 25 јануари на полноќ, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС–95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС–98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,386 денар/килограм и сега изнесува 44,213 ден/кг.

Викендот во Радовиш беа одржани 27 -те Музички средби на лица со телесен инвалидитет

Во посета на Општина Радовиш, делегации од збратимените општини Селчук и Ташкопру од Република Турција

Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Стапува на сила забраната за движење во шуми, од Општина Радовиш апелираат за почитување на забраната бидејќи се предвидени високи казни
