Connect with us

Гевгелија

Во тек се Конкурсите на Општина Гевгелија за финансирање програми и проекти од областа на спортот и културата за 2022 година

Media Press

Published

на

  Во тек се Конкурсите на Oпштина Гевгелија за финансирање проекти и програми од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2022 година и за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од значење на општина Гевгелија за 2022 година.

На Конкурсот за финансирање проекти од културата имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други физички и правни лица, регистрирани во државата за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи. Додека, на Конкурсот за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата.

Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани во државата за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
             Конкурсите траат до 18 декември, 2021 година. Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнаки: „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2022 година“ и „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2022 година“.
              Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com. Резултатите од Kонкурсите ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2022 година и Програма за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на општина Гевгелија за 2022 година, кои ги носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе бидат објавени во Службен гласник и на веб-страницата на Општината.

Дополнителни информации за Kонкурсите можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на веб-страната на Општина Гевгелија во делот Соопштенија.

Гевгелија

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу 40 минути

Media Press

Published

на

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според проценките на пограничните служби на ГП Богородица, вчера биле остварени околу 40 000 преминувања на границата. Најбројни меѓу патниците биле македонските и државјаните од Србија. Од ГП Богородица велат  зголемениот број на патници бил очекуван и затоа се отворени седум коловозни ленти и ангажирани максимален број на службеници.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Едукативна акција „Вози одморен“ на ОСБСП- Гевгелија за спречување на сообраќајни незгоди

Media Press

Published

на

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при Општина Гевгелија, во рамките на кампањата „Вози одморен“, реализираше теренска акција на граничните премини „Богородица“ и „Дојрани“.

Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата и МВР, на возачите им беа поделени едукативни флаери со наведени мерки кои би ги спречиле сообраќајните незгоди. Поради тоа што заморот е една од главните причини за сообраќајни незгоди, особено во летниот период, исто така, на возачите им беа поделени и ваучери со кафе, бели маици, заштитни капи и ладна вода за справување со летните горештини.

„Бидете наспани кога тргнувате на пат! Вашиот живот и животот на вашите најблиски се во ваши раце!“- апелира Општинскиот совет за безбедност во сообраќакот на патиштата при Општина Гевгелија, потсетувајќи ги возачите на одговорно и примерно однесување во сoобраќајот, почитување на правилата и прописите.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во Гевгелија, одбележана 75-годишнината на ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Media Press

Published

на

Со читање поезија под отвореното гевгелиско небо, беше одбележана 75-годишнината од формирањето на Друштвото на писатели на Македонија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, а во рамки на културната манифестација „Гевгелиско културно лето“. Пред присутните, се обрати директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, кој зборуваше за предизвиците со кои се соочува Друштвото, значењето на литературното творештво во современи услови и борбата за освојување нова читателска публика.

Од Друштвото на писатели на Македонија по повод прославувањето на јубилејот, свое обраќање имаа Марина Мијаковска, секретар за надворешни активности на ДПМ; Мито Спасевски, претседател на Издавачкиот совет на ДПМ и Александар Прокопиев“ кои се осврнаа на почетоците и историјатот, но и на актуелните состојби со кои се соочува Друштвото.

На платото пред Градската библиотека, стихови од своето творештво читаа: Снежана Стојчевска, Диме Ратајкоски, Југослав Петровски, Гордана Јовиќ Стојковска, Александар Прокопиев, Миле Јованоски Поречанец, Горан Анчевски, Саво Костадиновски, Лилјана Стоилковска, Љупчо Силјановски, Ленче Милошевска и Мито Спасевски. Настанот беше збогатен со настапот на Теодора Гошева, со изведба на музички нумери.

Прочитај повеќе