Connect with us

Македонија

Стопанска комора: Работниците што не сакаат да се вакцинираат, трошоците за тестирање исклучиво да бидат на нивна сметка

Media Press

Published

на

Стопанската комора на Македонија денеска соопшти дека бара во мерките за заштита од ковид-19 да се наведе дека тие работници што не сакаат да се вакцинираат, а ја немаат прележано болеста во последните шест месеци, да можат да прават и брзи тестови кои се поевтини во однос на ПЦР тестовите, но трошоците исклучиво да бидат на нивна сметка, а во ниеден случај на сметка на работодавачите.

Комората во пресрет на денешната владина седница апелира, доколку се усвои ваквиот предлог, државата да овозможи контррла на движење на цените, односно да ја определи највисоката цена на брзите антигенски тестови за работниците да немаат големи трошоци. 

„Сакаме повторно да укажеме дека ставот на бизнис заедницата е вработените за време на извршување на работата мора да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот накратко наречен “ВПТ”: вакцинација од вирусот, прележан COVID-19 или да се тестираат. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување на задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови, со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот. Не случајно се предлагаат брзи антигенски тестови кои се значително поевтини од ПСР тестовите и се согласно искуствата и во другите земји“ потенцираат од комората.

Отаму додаваат дека трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови исклучиво треба да е на терет на работникот, за да се постигне подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот. Во спротивно, ваквиот трошок, за бизнис заедницата е непродуктивен, односно трошок без ефект кои во услови на пандеја, здравствена, економска и енергетска криза е неоправдан.

Во насока на реализација на спроведување на мерката на задолжително тестирање без истата да предизвика значителни материјални трошоци за работниците, а и поради ризикот од покачување на цените на антигенските тестовите во услови на зголемена побарувачка, бизнис заедницата предлага Владата согласно Законот за трговија да донесе Одлука да ја определи највисоката цена (набавна односно увозна цена со оглед дека нема домашно производство зголемена за разумна маржа) за овој вид на тестови.

„Ние како Стопанска комора на Северна Македонија, ќе упатиме повик до нашето членство, согласно барањата на синдикалните организации да овозможат за вработените кој ќе се вакцинираат 2 дена платено одсуство од работа.

Мора да се има предвид дека заеднички мора да работиме на подигнување на степенот на вакцинација, заради што и Комората спроведе и анализи и сериозни дискусии низ членството, со цел се спречат и мутациите на вирусот во што пократок период, и  предлага мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат“, соопштуваат од Стопанска комора на Македонија.

Македонија

МВР со превентивна кампања граѓаните де не употребуваат петарди

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Прочитај повеќе

Македонија

Стапува на сила обврската за наплата на биоразградливи кеси по 15 денари, обичните пластични кеси се забрануваат

Media Press

Published

на

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од  денеска 1 декември, стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Со овој закон се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како и пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.

Со законот е предвидено со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина  е пониска од 15 микрони).

Биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).

Целта на овој Закон е  како што напоменуваат од Министерството за животна средина, да ги одвратат корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулират употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „ загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013г велат од Министерството.

Прочитај повеќе

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе