Радовиш
Новоизградениот пат до манастирот Свети Архангел Михаил во Ињево овозможи граѓаните масовно да го посетат на вчерашниот празник
Објавено на
Од
Media PressНа радост на организаторите и на домаќините, манастирот Свети Архангел Михаил кој се наоѓа над селото Горно Ињево, во планинки предел, вчера ја доживеа најмасовната прослава досега и тоа благодарение на новоизградениот локален пат до манастирот кој започнаа да го градат самоиницијативно од летото со сопствени средства и средства од донации.

Дедо Коле Симеонов домаќинот на манастирот задоволен од посетата и од самата прослава. Верниците претходниот ден даруваат овци кои се колат за да се подготви ручек. Додека пак “волот” кој се колел на тоа место но подалеку од манастирот 20 метри е традиција која е пред изградбата на манастирот. Во манастирот стои и каменот на која што се поклонувала жртвата, појаснува домаќинот.
Манастирот ‘’ Св Архангел Михаил ” во Ињево е изграден во 1932 год. од страна на Симеон и Марија при што на Марија и се сонило на тоа место да се направи манастир, живееле во горно Ињево, по смртта на Симеон и Марија од 1957 година манастирот го одржува Славчо (нејзин син) се до неговата смрт, потоа манастирот го одржуваат неговите синови Тимчо, Стојан, Љупчо и Коле, од 1999 до 2002 год. е узграден сосема нов манастир со донации обезбедени од граѓаните од Ињево и пошироко.
Околу 60 -тина мажи и жени денеска беа ангажирани во средувањето на инвентарот и се друго што беше вклучено за органзирање на вчерашната прослава на празникот Свети Архангел Михаил .

Од Иницијативниот одбор на селото изразуваа голема благодарност до правните и физички лица кои донираа средства преку невладината организација ,,Св. Архангел Михаил”- Ињево, како и до Рудникот Боров Дол за тампонирање на патот и до Локалната самоуправа во Општина Радовиш за донираниот гребен асфалт, со што патот до манастирот е проширен, израмнет и прооден за афтомобили.
Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот. Токму во чест на овој светец, со голема верба во бога и со молитва е и прославата на манастирот.
Манастирто Свети Срхангел Михаил е едно прекрасно место кое нуди спокој на душата, кое во иднина би требало да биде дел од руралниот туризам во Ињево и во градот Радовиш.
Поврзани содржини

До утре 19.07, последен термин за пријавување на екипи за МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР 2003 -2025 во Ињево

Со света Божествена Литургија денеска беше одбележан големиот верски празник Ѓурѓовден на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица

Во ООУ ,,Орце Николов” с.Ињевo се спроведе симулациска вежба за евакуација и спасување на учениците и вработените при пожар во училиштето

На клучката кај Ињево, радовишко, при контрола пронајдена марихуана, лишени од сллобода четири лица

ООУ „Орце Николов“ од Ињево организира хуманитарна акција во храна и облека ,,Биди хуман за подобро утре”

До денеска истекува рокот за пријавување за учество во Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

