Connect with us

Радовиш

Извршена санација на дел од улицата БЕЛ КАМЕН во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид  на работните активности на улицата Бел камен во Радовиш на која е извршена санација односно отстранување на стариот асфалтен слој и асфалтирање со нов асфалтен слој на дел од улицата којa води до градските гробишта.

Оваа улица како што најави Ристов е само една од повеќето проекти кои се реализираат во овој период. Истовремено се врши и зонско обележување во градот за правилно паркирање на возилата.  

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Радовиш: Мицкоски и Силјановска да се договорат што ќе прават со Преспанскиот договор

Avatar

Published

на

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше мешу граѓаните на општина Радовиш.

Од присутните, Пендаровски побара поддршка на 24 април и осми мај, затоа што само тоа е гаранција дека државата ќе продолжи по вистинскиот пат и ќе има претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа.

Осврнувајќи се на ставот на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор и членството во НАТО, Пендаровски посочи дека во таа партија постои двојство дури и за најважните прашања.


„Искрено да ви кажам, не знам кој е ставот на опозицијата по тоа прашање, затоа што кандидатката на главната опозициска партија, има изјава каде што вели дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат, затоа што тоа наводно било велепредавство на државата. Во програмата што ја објавија сега пред неколку дена, истата таа госпоѓа вели дека најголемо достигнување било нашето членство во НАТО бидејќи со тоа била загарантирана безбедноста на државата, а едно без друго не бива. Како и за други прашања, има двојство, дури и во врвот на таа партија. Јас им предлагам, пред да излезат во јавност да се договорат меѓу себе инаку вака се брукаат пред целата македонска јавност“ порача Пендаровски од Радовиш.


Прочитај повеќе