Connect with us

Радовиш

Новоизградениот пат до манастирот Свети Архангел Михаил во Ињево овозможи граѓаните масовно да го посетат на вчерашниот празник

Media Press

Published

на

На радост на организаторите и на домаќините, манастирот Свети Архангел Михаил  кој се наоѓа над селото Горно Ињево, во планинки предел, вчера  ја доживеа најмасовната прослава досега и тоа благодарение на новоизградениот локален пат до манастирот кој започнаа да го градат самоиницијативно од летото со сопствени средства и средства од донации.  

Дедо Коле Симеонов домаќинот на манастирот задоволен од посетата и од самата прослава. Верниците  претходниот ден даруваат овци кои се колат за да се подготви ручек. Додека пак “волот” кој се колел на тоа место но подалеку од манастирот 20 метри е традиција која е пред изградбата на манастирот. Во манастирот стои и каменот на која што се поклонувала жртвата, појаснува домаќинот.

 Манастирот ‘’ Св Архангел Михаил ” во Ињево е изграден во 1932 год. од страна на Симеон и Марија при што на Марија и се сонило на тоа место да се направи манастир, живееле во горно Ињево, по смртта на Симеон и Марија од 1957 година манастирот го одржува Славчо (нејзин син) се до неговата смрт, потоа манастирот го одржуваат неговите синови Тимчо, Стојан, Љупчо и Коле, од 1999 до 2002 год. е узграден сосема нов манастир со донации обезбедени од граѓаните од Ињево и пошироко.

Околу 60 -тина мажи и жени денеска беа ангажирани во средувањето на инвентарот и се друго што беше вклучено за органзирање на вчерашната прослава на празникот Свети Архангел Михаил .

Од Иницијативниот одбор на селото изразуваа голема благодарност до правните и физички лица кои донираа средства преку невладината организација ,,Св. Архангел Михаил”- Ињево, како и до Рудникот Боров Дол за тампонирање на патот и до Локалната самоуправа во Општина Радовиш за донираниот гребен асфалт,  со што патот до манастирот е проширен, израмнет и прооден за афтомобили.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот. Токму во чест на овој светец, со голема верба во бога и со молитва е и прославата на манастирот.

Манастирто Свети Срхангел Михаил е едно прекрасно место кое нуди спокој на душата, кое во иднина би требало да биде дел од руралниот туризам во Ињево и во градот Радовиш.

Радовиш

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица во тек е реализација на проект за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска  беше во посета на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Ораовица каде во тек е реализацијата на проектот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување.

Со цел за енергетска ефикасност и заштеда на енергија ке биде заменета постоечката алуминиумска столаријата со ПВЦ. Исто така во ова училиште целосно беше реконструиран и спортскиот терен.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дали општинските згради за нова година ќе останат без струја, градоначалникот Ацо Ристов бара решение од надлежните институции

Media Press

Published

на

Дали зградата на  Локалната самоуправа на Општина Радовиш за нова година ќе остане без струја, како и и јавните образовни институции и уличното осветлување во градот, поради актуелната енергетска криза, или ќе има измени во постапката за набавка на струја, беше проблем кој го спомна градоначалникот Ацо Ристов на одржаниот регионален состанок на ЦУК, кој вчера се одржа во Радовиш и на кој беше присутен и директорот Стојанче Ангелов.

Со овој проблем како што спомна Ристов освен Радовиш се соочуваат и останатите општини и тој побара брза интервенција на Владата со уредба да се смени регулативата за набавка на електрична енергкија и од слободен да се префрлат на регулиран пазар за купување на струја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на работна средба со институциите за безбедноста на граѓаните за општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, Ацо Ристов и на Конче, Златко Ристов, се одржа во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период.
Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.


На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.
Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и регионални. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстани што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.

Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.

Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

Прочитај повеќе