Радовиш
Невладината организација Treebanks од денеска започнува со акција за пошумување во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressНевладината организација Treebanks од денеска започнува со акција за пошумување во Радовиш во координација со Македонски шуми и Општина Радовиш. Пошумувањето ќе се врши на претходно избразеден терен, од вработени во Македонски шуми. Акцијата во Сабота и недела ќе започува од 10 часот и ќе трае до 16 часот а ќе се одвива на локација над ул. Калаузлиска (патот Радовиш – Плачковица). Ќе бидат засадени 6.000 дрвца со што ќе се допринесе за заштита на животната средина и почист воздух. Treebanks е Невладина организација формиран од двајцата браќа од Радовиш Михаил и Невен Стевчеви поддржани и од нивниот татко агроном, а со заедничка цел да направат нешто корисно за идните поколенија, како граѓани на оваа држава. Тие веќе реализирале неколку акции во државата и посадиле 6.000 дрвца а со акцијата викендов ќе бидат засадени уште 6.000. дрвца.

Сите учесници во акцијата е пожелно да имаат работнички ракавици и топла облека. На пунктот на Црвен Крст од Радовиш ќе има обични хируршки ракавици, ќе има и благи закуски и топол чај.
Од Treebanks порачуваат до волонтерите доколку се во можност да си понесат сопствен алат мотика.
Поврзани содржини

Пошумување на површината над Радовиш која во 2024 беше зафатена од пожарот

ООУ „Орце Николов“ од Ињево организира хуманитарна акција во храна и облека ,,Биди хуман за подобро утре”

Заедничка активност на граѓаните од Радичево и Дукатино со локалната власт

Општина Конче денеска ја спроведе акцијата „Генералка викенд“

Еколошка акција за генерално чистење на училишните простории и училишниот двор, во ООУ Никола Карев од Радовиш

ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, продолжува акцијата за делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

