Радовиш
Градоначалникот Ристов во посета на село Штурово и новото планирано излетничко место во склоп на размножувалиштето на диви животни
Published
2 години agoна
By
Media PressГрадоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов изврши увид на новиот пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничкото место во склоп на размножувалиштето на диви животни.
„Овој заеднички проект на општина Радовиш и Ловното друштво „Готен“ е со цел заштита на животните, поттикнување на ловниот туризам и слично, а во иднина со нови заеднички инвестиции да прерасне и во една туристичка атракција која ќе привлече туристи од целиот регион“, вели градоначалникот Ристов.
Исто така градоначалникот ги проследи и активностите за пошумување на Невладината органзиација „TREEBANKS“ кои се спорведуваат во соработка со ЕЛС општина Радовиш, ЈП „Македонски Шуми“ и ОО „Црвен Крст“ – Радовиш. Акцијата за пошумување односно садење на дрвца на неколку локации во околината на Радовиш започна од денеска а ќе трае и во сабота и недела.
Поврзани содржини
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Градоначалникот Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој
Градоначалникот Ристов уште еднаш појасни за што би се користела Стоковната куќа во Радовиш
Граѓаните да достават е-маил за електронска достава на решенија, остануваат и хертиените
Со божја благослов, сите лозови насади да дадат богат род и благодет, посака градоначалникот Ристов на денешниот празник Свети Трифун
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов номиниран за високото признание SEE Personality 2023
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
1 ден agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
1 ден agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.