Без изјаснување на пратениците за довербата во Владата пред полноќ заврши собраниската седница која беше иницирана од опозициските пратеници со цел да се изгласа недоверба на кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев. Во отсуство на пратениците од опозицијата претседателот на парламентот Талат Џафери ја затвори седницата, што значи дека Владата на СДСМ и ДУИ ги преживеа синоќашните случувања во парламентот.
На затворањето на седницата синоќа по многуте контроверзни случувања во текот на денот, биле присутни само пратеници на власта, како и премиерот Зоран Заев .
На опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која заедно со Левица,
Алијанса за Албанците и Алтернатива и Беса, која бараше седница за гласање на
доверба не и успеа да собере потребно мнозинство од 61 пратеник за да започне
седницата.
Тие имаа вкупно 60 присутни пратеници откако пратеникот на Беса Кастриот Реџепи реши да не учествува во работата на седницата и да гласа за недоверба во Владата. Спикерот Талат Џафери, пак, откако почна со председавањето со седницата реши да ја напушти салата и со што немаше потребен кворум од 61 пратеник.
„Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да
се отвори дебата, според деловникот околу иницијативата за гласање на доверба
на Владата во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека
на Владата не и е изгласана иницијативата за доверба на Влада. Владата
продолжува да работи во полниот состав“, рече Џафери.
Од редовите на опозицијата беа упатени обвинувања до власта дека во Македоинија е погазена демократијата и дека е се сомневаат во организирано киднапирање на пратениклот Кастриот Реџепи со цел тој да се откаже од учеството на седницата. Подоцна Реџепи се појави и со видео-изјава објавена на Фејсбук во која кажува дека не е киднапиран. Но, лидерот на Беса Билал Касами со изјава дека е убеден дека тоа е направено под присила.