Македонија
Владата на Заев преживеа, по многуте контроверни случувања
Објавено на
Од
Media Press
Без изјаснување на пратениците за довербата во Владата пред полноќ заврши собраниската седница која беше иницирана од опозициските пратеници со цел да се изгласа недоверба на кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев. Во отсуство на пратениците од опозицијата претседателот на парламентот Талат Џафери ја затвори седницата, што значи дека Владата на СДСМ и ДУИ ги преживеа синоќашните случувања во парламентот.
На затворањето на седницата синоќа по многуте контроверзни случувања во текот на денот, биле присутни само пратеници на власта, како и премиерот Зоран Заев .
На опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која заедно со Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Беса, која бараше седница за гласање на доверба не и успеа да собере потребно мнозинство од 61 пратеник за да започне седницата.
Тие имаа вкупно 60 присутни пратеници откако пратеникот на Беса Кастриот Реџепи реши да не учествува во работата на седницата и да гласа за недоверба во Владата. Спикерот Талат Џафери, пак, откако почна со председавањето со седницата реши да ја напушти салата и со што немаше потребен кворум од 61 пратеник.
„Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не и е изгласана иницијативата за доверба на Влада. Владата продолжува да работи во полниот состав“, рече Џафери.
Од редовите на опозицијата беа упатени обвинувања до власта дека во Македоинија е погазена демократијата и дека е се сомневаат во организирано киднапирање на пратениклот Кастриот Реџепи со цел тој да се откаже од учеството на седницата. Подоцна Реџепи се појави и со видео-изјава објавена на Фејсбук во која кажува дека не е киднапиран. Но, лидерот на Беса Билал Касами со изјава дека е убеден дека тоа е направено под присила.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

