Македонија
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ајранит Хоџа си поднесе оставка
Објавено на
Од
Media Press
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ајранит Хоџа, заедно со двајцата аменици министри си поднесоа оставка од функцијата која ја извршуваа.
„Ако во 2016-та година беше соборен режим, друг дел од тој режим не беше соборен, туку доби шанса да се реформира. Денес после 5 години се докажа дека не само што не се реформираше, туку ги усовршиле своите методи на класичен режим“ – Изјави Хоџа
Тој додава дека оставката е морален чин како и почитување на органите на БЕСА, дека во движењето БЕСА работат за гордост и достоинство, а не само за власт.
Вчера требаше да се одржи седница за гласање на недоверба на Владата, но Кастриот Реџепи – пратеник од редовите на Беса не се појави во Собранието иако го има оставено својот потпис за иницијативата за формирање нови парламентарно мнозинство.
Поврзани содржини

Кастриот Реџепи: Самоволно се одлучив да се засолнам на денот на гласањето недоверба на Владата

Министерот Хоџа ќе достави предлог до владата да се продолжи рокот за откуп на тутун

Објавен јавен повик за проектот „Купи куќа, купи стан“

Царовска: Реформите се потребни, тие се во интерес и на децата и на нашите барања

Министерството за финансии го објави вториот квартален извештај за 2020 година

Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка и Кадарка

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

