Connect with us

Радовиш

Ликовна изложба на Ангела Јанкулова во рамките на „Месецот на книгата“ во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинската народна библиотека “Браќа Миладиновци“  со пригодни активности го одбележа Месецот на книгата.

Во рамките на манифестацијата беше отворена изложба на слики од талентираната ученичката Ангела Јанкулова.

Посетителите на изложбата имаа можност да видат 10 слики со разни тематики изработени во традиционалната сликарска техника масло на платно.

„Нашата реалност е пандемијата, кога сите ние имаме доволно слободно време и за книга и за сликање и за уметност, па имавме доволно време со Ангела секоја црта, секоја четкичка, секоја боја да ја анализираме и да направиме нешто, што јас како педагог мислам дека квалитетот на сликите задоволува според нејзината возраст. Таа е штотуку 15 години и се надевам дека градот Радовиш ќе биде сведок на уште вакви изложби“ рече нејзиниот татко Златко Јанкулов кој и помага на Ангела да се развива во уметноста и кој најави за во блиска иднина едно поголем дело кое ќе го видат радовишани.

Ова е четврта изложба по ред на 15-годишната Ангела Јанкулова која вели дека уметноста и е хоби, црта откако знае за себе. Таа вели дека нема да и биде животна професија во иднина, но и дека ќе продолжи да ја негува и да ја развива уметноста како дел од нејзиниот живот.

„Доколку вложиме труд и желба ќе имаме добри резултати. Јас сум горда на себе бидејќи со неполни 15 години веќе имам четири изложби и сите слики се подобри едни од други па мило ми е што напредувам сама со помош на моето семејство“, вели Ангела која започнала со темперни и дрвени боички, а сега веќе црта со масло на платно.

Традиционално во рамките на оваа манифестација Библиотеката распишува награден конкурс за учениците од основните училишта од општина Радовиш. Денес беа доделени наградите за најдобрите творби и благодарници за учество на учесниците и нивните ментори.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе