Connect with us

Македонија

Чифлиганец го отвори прашањето – Вучиќ нареди да се потпише договор со кој македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји

Media Press

Published

на

Македонските бизнисмени Ванчо и Душко Чифлиганец, топ менаџментот на Адора, која што во моментов во Србија има градежна инвестиција од 15 милиони евра во двете насоки, на средбата „Отворен Балкан“ во Белград со претседателот на Србија, Александар Вучиќ го отворија прашањето и побараа да се потпише договор меѓу двете земји со кој ќе им се овозможи на македонските и на српските граѓани да купуваат и поседуваат недвижен имот во двете соседни земји.

Српскиот претседател Вучиќ веднаш реагираше и побара од српските и македонските служби да најдат решение и ова прашање што поскоро да се затвори за македонските граѓани слободно да можат да купуваат недвижен имот во Србија и обратно, српските граѓани во Македонија. Тој очекува прашањата кои што денеска беа отворени во Белград, да се затворат во најбрз можен рок во интерес на бизнисмените и на граѓаните.

Генералниот директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и директорот на Adora Living Solutions-Белград, Душко Чифлиганец, кои беа дел од претставниците на македонската бизнис делегација на средбата со претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот потпреседател на Влада, Никола Димитров, претставници на стопанските комори и бизнисмените од сите три земји, ја поздравија иницијативата „Отворен Балкан“ и потенцираа дека само на овој начин можат да се градат мостови меѓу народите и државите од Западен Балкан, а не ѕидови како некои политичари во светот. Бизнисмените веруваат дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе овозможи и ќе го подобри слободното движење на стоки, на човечки ресурси, обезбедување услуги, а пред се слободата на проток на капитал, основните европски и светски постулати за остварување подобри бизнис релации.

„Со иницијативата ’Отворен балкан‘ заедно политичарите и бизнисмените ќе ги урнеме бариерите кои се поставени пред бизнисот на балканските земји. А нашите народи ќе станат уште поблиски. Драго ми е што бизнисмените од Србија, Албанија, Бугарија, Грција и другите земји од регионот рамноправно се прифатени во мојата земја. Лично како македонски бизнисмен, пред две години започнав бизнис во градежниот сектор-високоградба во Србија, како директна инвестиција на компанијат Adora Living Solutions- Белград, инвестирајќи околу 15 милиони евра во двете насоки. Инвестирам во Србија, а сум прифатен како дома, имам третман како да сум домашен инвеститор или поточно како да сум посакуван странски инвеститор. Тоа е иницијативата ’Отворен Балкан‘ на дело, не декларативно, туку практично и верувам дека преку оваа иницијатива нашата соработка ќе продолжи да се подобрува.Наша заедничка цел е економски бенефит на нашите народи на Балканот“, потенцира Чифлиганец на средбата во Палата Србија во Белград.

Македонија

МВР со превентивна кампања граѓаните де не употребуваат петарди

Media Press

Published

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Прочитај повеќе

Македонија

Стапува на сила обврската за наплата на биоразградливи кеси по 15 денари, обичните пластични кеси се забрануваат

Media Press

Published

на

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од  денеска 1 декември, стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Со овој закон се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, како и пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.

Со законот е предвидено со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина  е пониска од 15 микрони).

Биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).

Целта на овој Закон е  како што напоменуваат од Министерството за животна средина, да ги одвратат корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулират употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „ загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013г велат од Министерството.

Прочитај повеќе

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе