Connect with us

Регион

Петте општини во регионот добија нови градоначалници од редовите на ВМРО -ДПМНЕ

Media Press

Published

на

Нови градоначалници на петте Општини  во Југоистокот, Радовиш, Конче, Гевгелија, Ново Сели и Василево, беа избрани во вториот круг од Локалните избори кои што се одржаа вчера.   Во Општина Радовиш со голема разлика од околу 2600 гласови довербата ја доби кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ацо Ристов. Тој освои 7.474 гласови а неговиот противкандидат од СДСМ и Коалицијата Коле Чаракчиев, довербата ја доби од  4.802 гласачи.

Општина Конче доби нов градоначалник според податоците од ДИК.

Со разлика од 23 гласа Златко Ристов е новиот градоначалник на Општина Конче. Тој освои 1.083 гласа или 49,93% од гласачите кои излегле на гласање, додека за Благој Илиев гласале 1060 или 48,83%.

Со околу 2.000 гласа разлика во однос на својот противкандидат Андон Сарамандов од редовите на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата, е новиот градоначалник на Општина Гевгелија.

Сарамандов со освоени 7.546 гласови или со 56,88% од гласачите, ќе ја преземе функцијата од претходниот градоначалник Сашо Поцков кој беше од редовите на СДСМ, кој освои 5.130 гласа или 38,67% од вкупните гласачи.

Нов градоначалник доби и општина Ново Село. Ѓорге Божинов од редовите на ВМРО -ДПМНЕ со освоени 2.727 гласови  ќе ја води општината во нарените 4 години. Тој беше во преднос  со 213 гласа во однос на неговиот противкандидат Звонко Ангелов кој освои 2.514 гласови.

Во општина Василево Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата со освоени 3.332 гласа и го победи неговиот противкандидат, досегашниот градоначалник од редовите на СДСМ Марјан Јанев,кој освои 3.306 гласа, со тесно водство од 26 гласови.

Вчера се одржа вториот круг од локалните избори во Македонија на кои излезеноста  беше околу 48% од вкупните гласачи во избирачкиот список.

Регион

Изградба на Регионална депонија за Југоисточниот плански регион повторно тема за расправа на градоначалниците од 10 општини во Југоистокот

Media Press

Published

на

Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа својата втора седница во Гевгелија. На седницата, на која претседаваше новоизбраниот претседател на Советот за развој на ЈИПР, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, се расправаше за повеќе актуелни прашања.

На дневен ред пред десетте Градоначалници од Југоисточниот плански регион се најде Извештајот за воспоставената меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на територијата на Југоисточниот плански регион и основаното зедничко Јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ во Струмица. Притоа, беа договорени наредните активности околу меѓуопштинската соработка и функционирањето на Jавното претпријатие.
             Советот на ЈИПР расправаше и за Извештајот за состојбата и активностите за изградба на Регионална депонија за Југоисточниот плански регион, односно воведување на регионално интегрирано управување со комуналниот цврст отпад во Југоисточниот плански регион. Во дискусијата беше нагласено дека наредните активности многу ќе зависат од иницијативата на Министерството за животна средина за воспоставување на систем за управување со отпад за Југоисточен и Вардарски регион. Имено, на 3 декември 2021 година (петок), во Клубот на пратеници во Скопје, закажан е состанок со Градоначалниците на општините од Југоисточниот и Вардарскиот регион за презентација на идните активности. По изработената студија од ЕБРД и позитивниот одговор на барањето од Владата на РСМ за добивање на кредит за изградба на системот за управување со отпад, од страна на ЕБРД, Министерството започна со подготвка на неопходната документација за реализирање на овој проект.
              Советот на ЈИПР, на вчерашната седница, донесе одлука за примопредавање на проектот: „Изградба на патот с. Зубово – с. Ново Село – с. Мокриево“.

Прочитај повеќе

Регион

Советот за развој на ЈИПР денеска во Гевгелија ќе ја одржи втората седница

Media Press

Published

на

Советот за развој на Југоисточниот плански регион, денеска 30 ноември, ќе ја одржи својата втора седница. На седницата, на која ќе претседава новоизбраниот претседател на Советот за развој на ЈИПР, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ќе се расправа за Извештајот за воспоставената меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на територијата на ЈИПР, како и за Извештајот за состојбата и активностите за изградба на Регионална депонија во ЈИПР. Втората седница на Советот за развој на ЈИПР ќе се одржи во Големата сала на Општина Гевгелија, со почеток во 15:00 часот. Членовите, Градоначалници на општините во ЈИПР, ќе работат по следниот дневен ред:

1. Усвојување на Записникот од Првата (конститутивна) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион,
2. Извештај за воспоставената меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на територијата на Југоисточниот плански регион и основаното зедничко Јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ Струмица,
3. Извештај за состојбата и активностите за изградба на Регионална депонија за Југоисточниот плански регион односно воведување на регионално интегрирано управување со комуналниот цврст отпад во Југоисточниот плански регион,
4. Донесување на одлука за примопредавање на проектот: „Изградба на патот с. Зубово – с. Ново Село – с. Мокриево“,
5. Разно.

Прочитај повеќе

Регион

Заедничка мрежа за Македонија и Бугарија за превенција и справување со шумски пожари

Media Press

Published

на

 Во рамките на Интерег ИПА програмата, прекуграничните региони на Македонија и Бугарија ќе формираат заедничка мрежа за превенција и справување со шумски пожари.

Во мрежата ќе бидат вклучени сите релевантни институции од двете страни на границата, надлежни за делување при пожари. Вмрежувањето е резултат на реалните потреби и искуства од терен, но и промовирање на волонтерството во противпожарната заштита. Во иднина, ќе служи како база за подобра координација помеѓу надлежните во двете држави, како олеснување на соработката помеѓу локалните институции.
            Исто така, во рамките на истата програма, сите 112 пожарникари од ТППЕ во Југоисточниот регион, ќе добијат комплетна лична заштитна опрема за шумски пожари, како: комбинезони, ќебиња, чизми, ракавици, шлемови направени специјално за шумски пожари, заштитни маски против чад и балаклави огноотпорни маски. За секоја од противпожарните единици во регионот ќе се набават пумпи, противпожарни црева и моторни пили. Со оваа опрема значајно ќе се унапреди безбедноста и функционалноста на пожарникарите од регионот и нивен навремен и соодветен одговор против шумските пожари кои предизвикуваат огромни штети, ја уништуваат природата, а не ретко, како што е познато од минатото, има и човечки жртви.
            Целиот проект чини близу 400.000 евра обезбедени од Европската Унија преку ИПА Интерег програмата. Инаку, Центарот за Југоисточен плански регион, преку проектот „Деловен еко-систем како интегриран систем“ (Акронин „Be In“), во рамките на Interreg- IPPA Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 година, аплицираше за набавка на едно противпожарно возило за ТППЕ- Гевгелија, кој проект е прворангиран на утврдената листа.

Прочитај повеќе