Connect with us

Гевгелија

СДСМ синоќа го претстави кандидатот за градоначалник Сашо Поцков

Media Press

Published

на

Пети ден од предизборната кампања.  Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа ја претстави Најдобрата понуда за победничка Гевгелија, и кандидатот за градоначалник Сашо Поцков и листата на советници на СДСМ и коалицијата предводена од Миле Атанасов.

Поцков ја побара поддршката од гевгеличани за втор мандат, притоа презентирајќи дел од програмата за поубав и подобар живот во Гевгелија.

Гевгелија

Основните училишта од општина Гевгелија со низа активности за одбележување на Светската недела на детето

Media Press

Published

на

По повод Светската недела на детето, основните училишта од општина Гевгелија организираат низа активности за нејзино одбележување. Имено, наставниците на Одделенскиот час ќе ги едуцираат учениците со истакнување на одредбите од Конвенцијата за правата на детето и ќе ги информираат за потребата од почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
            Исто така, училиштата ќе организираат состанок на Ученичката заедница, на кој ќе се избере претседател на училиштето. Со читање и давање свечена заклетва, првачињата ќе бидат примени во Детската организација, а во насока на слободните ученички активности, по повод Светскиот ден на детето и Денот на учителот, ќе бидат реализирани литературно и ликовно творење. Како и најразлични културно-уметнички активности и посети на општински институции.
            Учениците од општинските основни училишта ќе имаат можност да ги проследат првиот македонски, детски, долгометражен фил за деца „Стела“ и тетарската претстава за деца „Куферко, светскиот патник од Македонија“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Детскиот филм ќе се проектира од 5 до 7 октомври, во Големата сала на Народниот театар, со почеток во 10:00 часот, додека театарската претстава ќе биде одиграна пред најмладите, на 9 октомври, со почеток во 18:00 часот часот, во Големата сала на Народниот театар.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Тактичко-показна вежба за прва помош на волонтерите од Црвен крст – Гевгелија

Media Press

Published

на

         Денеска, по повод Светскиот ден на Првата помош, на градскиот плоштад во Гевгелија, Црвен крст- ОО Гевгелија, реализира тактичко-показна вежба под мотото „Биди херој во твоето училиште и твојата заедница. Научи прва помош!“

Ваквата акција хуманитарната организација од Гевгелија ја организира со цел граѓаните од општината да ги научат вештините за прва помош, преземајќи брзо дејствување за намалување или стабилизирање на сериозните повреди и зголемување шансите за преживување доколку дојдат во ситуација да спасуваат жртва. Освен практичните вежби со едукативен карактер, овој настан е збогатен и со музички дел. За кој се погрижија волонтерите од Клубот на млади.
           Исто така, во рамките на работната програма, Црвениот крст- ОО Гевгелија продолжува со прикажувањето едукативни филмови на отворено за помладите. Имено, утре (17 септември, 2021 година), во амфитеатарот во Стар Дојран, со почеток во 18:30 часот ќе биде емитуван вториот филм од Летното кино на Црвен крст- ОО Гевгелија за основците и средношколците, со засега непознат наслов. Со цел да биде пријатно изненадување, велат организаторите.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Формирана Лекарска комисија за остварување на правото за туѓа нега за граѓаните од Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово

Media Press

Published

на

         Во Општина Гевгелија, за првпат е формирана Лекарска комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице. Имено, новоформираната Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод во Гевгелија ќе ги покрива и општините Богданци, Дојран и Валандово.
             Како што истакна и министерот за здравство, Венко Филипче, со формирањето на дополнителната Комисија во Гевгелија, ќе се намали периодот на чекање за гевгеличани, богданчани, валандовчани и дојранчани кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега. И нема повеќе да патуваат во друго место и да бидат изложени на дополнителни трошоци.
              Освен оваа мерка, за да бидат задоволени потребите и навремено разгледани сите поднесени барања на граѓаните, Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на доставената медицинска документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.

Прочитај повеќе