Connect with us

Гевгелија

Тактичко-показна вежба за прва помош на волонтерите од Црвен крст – Гевгелија

Media Press

Published

на

         Денеска, по повод Светскиот ден на Првата помош, на градскиот плоштад во Гевгелија, Црвен крст- ОО Гевгелија, реализира тактичко-показна вежба под мотото „Биди херој во твоето училиште и твојата заедница. Научи прва помош!“

Ваквата акција хуманитарната организација од Гевгелија ја организира со цел граѓаните од општината да ги научат вештините за прва помош, преземајќи брзо дејствување за намалување или стабилизирање на сериозните повреди и зголемување шансите за преживување доколку дојдат во ситуација да спасуваат жртва. Освен практичните вежби со едукативен карактер, овој настан е збогатен и со музички дел. За кој се погрижија волонтерите од Клубот на млади.
           Исто така, во рамките на работната програма, Црвениот крст- ОО Гевгелија продолжува со прикажувањето едукативни филмови на отворено за помладите. Имено, утре (17 септември, 2021 година), во амфитеатарот во Стар Дојран, со почеток во 18:30 часот ќе биде емитуван вториот филм од Летното кино на Црвен крст- ОО Гевгелија за основците и средношколците, со засега непознат наслов. Со цел да биде пријатно изненадување, велат организаторите.

Гевгелија

Три лица без сертификат затекнати во угостителски објект во Миравци

Media Press

Published

на

На 22 јануари односно во саботата во времето од 23.00 до 24.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во угостителски објект во село Миравци, гевгелиско и при  контролата  било констатирано дека во објектот од страна на правното и одговорно лице не биле почитувани донесените владини мерки за заштита од Ковид 19, односно, немало задолжителна проверка на влез на гостите од страна на одредено одговорно лице – редар,  вработените во угостителскиот објект кои послужувале гости не носеле заштитни маски,  немало задолжително поставено дезинфекциски средства, а во објектот биле затекнати и тројца гости кои не поседувале сертификати.

 Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ соопштуваат од СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Media Press

Published

на

 Денеска (06.01.2022) околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција на патниот правец с. Прдејци-с. Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Општина Гевгелија лани доделила паричен надомест за 149 новороденчиња

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.

Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.

Прочитај повеќе