Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано
се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на
Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% или 50 ученици од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени
случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на
учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се
веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50
ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, информира Министерството за
образование и наука.
Што
се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени
служби кои ги издаваат решенијата за
изолација.
Тоа што е особено важно да се потенцира е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата. При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите, велат од Министерството.
МОН
апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно
однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно – образовниот
процес, бидејќи само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство
во училница, која е во најдобар интерес на учениците и нема подобра
алтернатива.