Струмица

Звездана Ангеловска добитник на наградата „Ристо Шишков“

Aктерката Звездана Аангеловска  е 29 –от  лауреат на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков кој заврши синоќа во Струмица. Ангеловска единствената награда на фестивалот која го носи името на Ристо Шишков, а се доделува за високо актерско остварување ја доби за улогата на Таа во претставата ,,Само Глас,, во продукција на Македонскиот народен театар. наградата ја доби во конкуренција помеѓу триесетина актери од земјата од странство. Во образложението на жири комисијата меѓу другото стои дека Ангеловска  манифестирала  модерен актерски израз во контекст на актуелниот глобален и општествен миг.

Ангеловска не присуствуваше на доделувањето на наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра. Според директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков, наградата ќе и биде врачена дополнително.

Инаку, Звездана Ангеловска по втор пат ја добива наградата „Ристо Шишков”. Прв пат ја доби во 2003 година и досега е единствена која два пати се закитува со ова признание.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago