Млад борач од БК Бучим од Радовиш е нападнат и повреден на Mеѓународниот боречки турнир „Осми септември“ што во неделата се одржа во спортската сала во Радишани во Скопје, организиран од БК Вардар.
Цел на нападот бил 17 – годишниот Арон Николов, кој бил нападнат
од неколку борачи од ривалски клубови и бил избоден во ногата, Од БК Бучим
очекуваат брза реакција од полицијата и секако од Федерацијата за боречки
спортови.
„Во еден
момент на трибината во спортската сала каде што беа сместени нашите борачи и
останатите борачи, се наруши јавниот ред и мир. Во истиот момент нашиот борач
Арон Николов беше убоден со три убоди од остар предмет во пределот на бутниот
мускул. По брза интервенција на претседателот на клубот, нашиот бореч беше
однесен во ургентниот центар во Скопје каде му е укажан соодветен третман“,
вели секретарот на БК Бучим- Радовиш Димитар Јованов.
Од БК
Бучим се сомневаат дека нивниот борач е намерно повреден од конкурентските
клубови со цел да се спречи борачот да учествува на балканските и медитеранските
игри.
Како што
рече секретарот на БК Бучим- Радовиш Димитар Јованов, ќе побараат одговорност и
од федерацијата на борачи.
„Арон беше еден од најдобрите наши борачи а овој
случај ќе се одрази психички и врз останатите борачи, за што ќе органзираме
предавње од психолог и лекар за да им се објасни на борачите дека ова не е
нормално и не треба да се случува“, вели Јованов.
Настанот се случил при крајот на натпреварот кој бил одржан со редари без полиција, без амбулантно возило. Повредените деца веднаш го напуштиле натпреварот, се повлекле во автобус. Тренерот на БК Бучим повикал полиција кога ги сместил децата на сигурно. Од МВР го потврдија случајот.