Connect with us

Радовиш

Радовиш доби систем за мерење на квалитетот на воздухот

Media Press

Published

на

Отсега и радовишани ќе можат да проверат каков воздух дишат. Инсталирани се две мерни станици за собирање на податоци за квалитетот на воздухот, температурата и други метеоролошки податоци во градот.

Со овој проект се овозможува граѓаните и институциите да имаат целосен и точен преглед на загадувањето на воздухот и други параметри кои влијаат на животната средина и квалитетот на живеење. Состојбата со аерозагадувањето во градот може да се следи наследниот линк: www.ekodata.live

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Радовиш жали по својата млада сограѓанка која тргично загина во сообраќајна несреќа во Скопје

Media Press

Published

на

Радовишани силно ги погоди веста во која беше соопштено на јавноста дека едно лице го загуби животот синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.

За некои можеби е само инфорамција, но за радовишани и за семејството на девојката тоа е потресна вест која длабоко погодува.

Како што дознаваме неофицијално станува збор за младата 24 годишна девојка Викторија Николова од Радовиш, по потекло од Дедино, која во Скопје отишла како и повеќето млади од внатрешноста, да студира или да работи.

Од МВР соопштија дека во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место.

ТВ Кобра и Mediapress: Почивај во мир Викторија, што и да се каже, малку е.

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска се прославува празникот Собор на Свети Јован Крстител

Media Press

Published

на

Денеска се прославува  празникот Собор  на  Свети Јован Крстител. Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш по Богојавление. Иако Св.Јован се прославува неколку пати во годината  неговиот собор  односно најзначаен празник се прославува токму на денешен ден.По тој повод беше одржана света Божествена литургија во  двата црковни храма во Радовиш.

 Свети Јован е убиен од  страна на  Ирот по желба на неговата внука.

 Овој ден се празнува веднаш по празнувањеро на големиот христијански празник Богојавление кој се прославува во чест на крштевањето на Исус Христос  од страна  на Св. Јован во реката Јордан, па по тој повод се осветуваат сите води со фрлањето на светиот крст во нив.  

Во младоста, Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, тој ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тибериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Тој често проповедал:

По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки. Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.

Во тоа време, Исус се подготвувал за својата мисија. Но, според тогашните закони, учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус, кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован, кој дотогаш не го имал видено, според евангелието, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот, Јован го одвратил, велејќи му: „Јас треба од тебе да бидам крстен, а ти при мене ли доаѓаш?

Но, кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римското Царство го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Тоа бил синот на стариот Ирод, оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем во времето кога требало да се роди Исус Христос. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на еден арапски кнез, по име Арета. Но тој, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип, кој бил жив. Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале ниту законите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал: „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“

Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш, кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, која што со својата игра толку го занесла Ирода што тој и ветил дека во тој момент ќе и исполни секаква желба, ќе и даде сè што ќе посака, дури и да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка, која долго го чекала овој час (зашто не можела да му го прости јавното разобличување), веднаш ѝ рекла да ја побара главата на Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирода, тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време, девојката ја имала на послужавник главата на Свети Јован, која ја предала на својата мајка.

И по неговата смрт, Иродијада продолжила да се изживува над мртвото тело на Св. Јован, бодејќи го неговиот јазик со игли. Според преданието, телото на Јован го зеле неговите ученици и го погребале, а главата ја зела Иродијада, која ја закопала во дворецот на Ирод, плашејќи се наводно да не може да воскресне Јован. Сепак, еден чесен дворски слуга ја закопал главата на светецот.

Прочитај повеќе

Радовиш

Петре Здравков е среќното момче кое го фати светиот крст во Радовиш на големиот празник Богојавление – Водици

Media Press

Published

на

Петре Здравков е среќното момче кое го фати светиот крст во Радовиш на големиот празник  Богојавление – Водици, кој за прв пат се фрла по крстот и успева да го фати. 35- годишното момче вели дека чувството е неверојатно и очекува здравје среќа и бриќет за него и за сите граѓани.

Чинот на фрлање на Светиот крст на празникот Богојавление – Водици кој се одбележува во чест на крштевањето на Исус Христот во реката Јордан, во Радовиш беше извршен во малиот базен „Шампион“, на кој присуствуваа голем број верници, а дваесетина момчиња се фрлија по крстот. 

Кум за овогодишното организирање на Богојавление беше Горан Поцев, кој задоволен што светиот крст беше во неговиот дом две години поради пандемијата,  го предаде на новиот кум Зоран Мицев кој ке биде кум за наредната година.   

Во Радовиш, Водици се  прославува  на овој начин со сите почести, со избор на кум кој  помага околу самата организација, веќе 14 години.

Срекното момче кое го фати светиот крст доби пригодни подароци од црквата,  од овогодишниот кум,  од Општина Радовиш, односно од градоначалникот Ацо Ристов и од аптека Зегин.

Прочитај повеќе