Connect with us

Радовиш

Пензионерите спортисти од Радовиш активно се подготвуват за учество на Регионални спортски натпревари

Avatar

Published

на

 Пензионерите спортисти од Радовиш активно се подготвуват за Регионални спортски натпревари кои ќе се одржат во Свети Николе. Истите треба да се одржат според предвидените протоколи и препораки во услови на пандемија.

„Околу 15 пензионери, мажи и жени од Радовиш ќе учествуват на регионалните натпревари кои се надеваат и на успеси. Тие активно се подготвуват и че учествуват во неколку дисциплини“, вели претседателот на Комисијата за спорт Ѓорги Андреев.

Пензионерите тренираат веќе 4 недели по 2 пати неделно и ја повратија својата кондиција, вели членот на комисијата за спорт Илија Трајанов кој ги стручно ги подготвува спортистите.

Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки.  Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.

 Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците

Avatar

Published

на

Со дневен ред од 15 точки денеска беше одржана 47-та седница на Советот на општина Радовиш.

Како една точка од дневниот ред беше и предлог – одлука за одорување на идеен проект за реконструкција со пренамена на Стоковна куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на град Радовиш „Рада“ кој го презентираше Градоначалникот Ацо Ристов.

Градоначалникот рече дека објектот пред се ќе биде од јавен карактер и наменет за сите граѓани.

Од страна на Претседателот на Советот на општина Радовиш исто така беа споделени изјавите на двајцата советници Валентина Лазарева и Енис Омер, кои ги имаат поднесено до Советот, како би делувале во иднина како советници. Валентина Лазарева како советник од Демократски сојуз се приклонува кон советничката група на ВМРО – ДПМНЕ а Енис Омер во иднина ќе делува од име на ТДП.

Прочитај повеќе

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе