Радовиш
Со пригодна свеченост рудниците Бучим и Боров Дол и годинава го одбележаа Денот на ридарите
Објавено на
Од
Media PressСо пригодна свеченост рудниците Бучим и Боров Дол и годинава го одбележаа Денот на ридарите, 28 август. Во услови на пандемија одбележувањето беше скромно со доделување на признанија, статуетки и повисока парична награда на најдобрите рудари помеѓу двата рударски празника, од двата рудника Бучим и Боров Дол.

На свеченоста која се одржа на отворено во новиот рудник Боров Дол согласно предвидените Протоколи и прпораки на комисијата за здравство, свое обраќање имаа генералниот директор на Боров Дол, Павло Кривинскиј и генералниот директор на Бучим Олег Чусовитин, кои притоа го потенцираа значењето на рударите и рударската дејност.
За значењето на Рудникот Боров Дол за вработените и воопшто за развој на економијата во трите општини Радовиш, Конче и Штип свој став даде и долгогодишниот управител на рудникот Бучим, Николајчо Николов кој вложи големи напори за отварање на новото рудно тело Боров Дол.
Николов спомна и на кој начин може да се реши проблемот со концесијата со кој се соочува Општина Радовиш, а на чија територија е хидројаловиштето.
Колку новиот рудник Боров Дол е значаен за Општина Радовиш а сега и за Општина Конче и воопшто за економијата во државата, потенцира и некогашниот прв човек на рудникот Бучим, а сега сопственик на компанијата Адора Инженеринг проф. Д-р Ванчо Чифлиганец.

На свеченост по повод денот на рударите беа присутни и градоначлникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, градоначалникот на Општина Штип Сашко Николов и останати поканети гости и рудари.
За жал поради пандемијата со Ковид -19 и годинава не беше организирана традиционалната рударска вечер, на која рударите беа навиканти.
Поврзани содржини

Со богата програма Радовиш ќе ги одбележи патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки и Денот на македонските рудари – 28 Август

Рудниците Бучим и Боров Дол и граѓаните на Радовиш го прославија Денот на Рударите 28 август

Македонското девојче Kaролина Гочева во Радовиш ќе пее за македонските рудари

За прв пат Денот на рударите – 28 август ќе биде прославен заедно со граѓаните во центарот на Радовиш
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



