Connect with us

Македонија

Утре е голем верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, воедно и неработен ден

Media Press

Published

на

Православните верници утре ќе го одбележат големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен за граѓаните од Православна вероисповед.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот.

Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.

 За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е жива. Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели. Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест. Богородица легнала на одарот и заспала.

Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот.

Македонија

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Media Press

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес- конференција најави дека една од мерките која речиси сигурно ќе биде предложена во октомври е барањето сертификат за целосна имунизација, односно примени две дози вакцина, за влез во угостителски објекти или институции каде сега е дозволен со една примена доза.

„Мерка која сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина, наскоро да прерасне со потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно“, рече Филипче, додавајќи дека на граѓаните ќе им се остават 2-3 недели за вакцинирање.

Според податоците што ги изнесе Филипче, над 90 отсто од починатите биле невакцинирани, а од вкупниот број новодијагностицирани од 6 до 16 септември 21 отсто биле вакцинирани, а 79 немале примено вакцина. Тој повторно ги повика граѓаните да се вакцинираат, како суштинска опција за излез од кризата.

Прочитај повеќе

Македонија

До вчера се попишани вкупно 800 008 лица

Media Press

Published

на

Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Како што информираат од ДЗС досега попишувањето тече во најдобар ред и граѓаните одговорно пристапуваат кон оваа статистичка операција.

Прочитај повеќе

Македонија

ССМ бара Собранието итно да расправа за Законот за работните односи и да го прогласи недела како неработен ден

Media Press

Published

на

Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година.

На тој начин велат од ССМ, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме , за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

Работниците коишто ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните седум дена. Станува збор за работните места каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На работниците ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во текот на неделата. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Прочитај повеќе