Струмица

Со 27 активни случаи од Ковид -19, Струмица е на прво место во регионот

Седум нови случаи на Ковид-19 во Струмица, со што бројот на вкупно активни се искачи на 27. Со тоа Струмица е водечка општина според бројот на активни случаи во регионот, а веднаш по неа е Валандово со 6 активни.

Според податоците на Министерството за здравство, Струмица е петти град по број на новозаразени за 24 часа според последниот извештај.

Најмногу имаше новорегистрирани случаи во Скопје и Тетово, по 65, потоа Куманово со 20. Гостивар 19, а Струмица со 7. Расте бројот и во Радовиш со  2 нови случаи или вкупно активни 5. Дојран и Богданци  сеуште остануваат со нула активни случаи.

Вкупниот број на новорегистрирани во текот на вчерашниот ден достигна 219 на ниво на држава. Направени се 4713 тестирања.

Изминатите 24 часа има и 4 починати лица. Регистрирани сe 30 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.

Струмица 4150, Активни 27
Гевгелија 2197, Активни 2
Радовиш 1165, Активни 5
Валандово 674, Активни 6
Богданци 494, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago