ЈП Плаваја, Радовиш од вечерва започнува со режим на водоснабдување
на сите корисници кои се водоснабдуват од резервоарот “Коџа Баир”, со цел негово полнење
Зголемените температури ја зголемија неколкукратно потрошувачката на вода од резервоарот “Коџа баир” информираат од ЈП Плаваја од Радовиш .
„Со оваа летна минимална издашност на водозафатите не можеме да успееме да го наполниме резервоарот и да ги снабдиме високите зони со вода, а ниските зони во тие периоди имаат постојано водоснабдување и енормно ја трошат најскапоцената течност, течноста што значи живот – водата за пиење!“ велат од ЈП Плаваја, од каде уште еднаш упатуваат апел до граѓаните за рационално трошење на водата за пиење .
„Поради тоа, а со цел да обезбедиме континуирано водоснабдување
на сите корисници кои се водоснабдуват од резервоарот “Коџа Баир” од
вечерва Четврток 5 Август 2021 најавуваме режим на водоснабдување со кој СЕКОЈА
ВЕЧЕР ќе го прекинуваме водоснабдувањето од резервоарот „Коџа баир“ и ќе
започнуваме со негово полнење до максимална кота.
Оваа операција ќе започнува СЕКОЈА ВЕЧЕР во периодот помеѓу 22:00 и 23:00 и ќе трае помеѓу 06:00 и 07:00 часот секое наредно утро. Нејзина цел како што најавивме и претходно е секој ден после 07:00 часот, па се до 22:00 часот да има нормално водоснабдување, особено на високите зони“, додаваат од Плаваја.
Од таму аплеираат до сите корисници од
наведените зони (КОЏА БАИР, ШАИН МААЛО,
КОРЧО МААЛО, КАЛУЗЛИСКА И В.С.БАТО) за периодите
на прекин да си обезбедат потребни количини на вода во периодот кога ќе имаат
нормално водоснабдување.
„Најљубезно Ве замолуваме, и по кој знае кој пат повторно
апелираме, до сите корисници на цела територија на општина Радовиш, да се
употребува водата од водоснабдителниот систем на ЈП”ПЛАВАЈА”
исклучиво за пиење и потреби на домаќинствата“ стои во апелот од ЈП Плаваја- Радовиш, од каде во овие
високи летни температури и сушен период, прават максимални напори за снабдување
со вода на сите корисници.